RTX 2060 доаѓа на 15 јануари, поскапа, но и помоќна

Дејан Соколоски

во Вести

Почна CES 2019 и почнаа првите кул најави за хардвер. За гејмерите без сомневање највозбудлива најава првиот ден е новата графичка од Nvidia, RTX 2060.

Она што не е баш добра вест е дека почетната цена на картичката е 350 долари, што не баш достапна картичка. Ова можеби и е разбирливо со оглед на тоа дека перформансите на 2060 се споредливи со 1070Ti.

GeForce RTX 2060 доаѓа со 1920 CUDA јадра. Со Turing архитектурата бројот на „Streaming Multiprocesor (SM)“ е пропорционален на перформансите на картичките. Па намалувањето на SM за 17 отсто значи пад и на перформансите за приближно волкав процент, вели AnandTech.

Брзината (Core Clock) на процесорот е 1365 MHz, Boost Clock е 1680 MHz; картичката доаѓа со 6 GB RAM; и 6,5 TFLOPS при „single precision floating point“ операции. Како и останатите графички картички од 2xxx серијата и 2060 доаѓа со напреден „ray-tracing“. Оваа технологија овозможува рефлексијата да се пресметува и подобро и побрзо, а со тоа и игрите да се приближат до пореалистичен изглед.

Без сомневање најголем недостаток на RTX 2060 e цената. Графичката картичка требаше да биде во средната, класа, или барем така навикнавме. Во оваа класа 350 долари се премногу, иако перформансите се несомнено импресивни.

Подолу може да видите дел од бенчмарк тестовите на картичката направени од GamersNexus.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии