RPG играта Tyranny доби 100 минутен видео приказ

Tyranny е најновото чедо на Obsidian Entertainment и за разлика од поголемиот број RPG игри, оваа игра уште во старт ве поставува како негативец и сите ваши влијанија на светот можат да заземат исклучително мрачнa формa.

Горниот видео приказ ни доаѓа од Polygon и низ час и четириесет минути можете детално да се запознаете со играта и да заклучите дали Tyranny е за вас или не…

Играта започнува со Conquest – мод кој е еден вид загревање пред вистинската игра и има за цел да ве потопи во комплексноста на светот. За време на Conquest модот донесувате одлуки за тоа каде и на кој начин сте му служеле на владетелот Курос и, како последица, на кој начин да бидете перципирани и третирани од различните фракции. Можете целосно да го прескокнете овој режим на играње, но со тоа се губи или, во најмала рака, бледнее чувството за една лична, но длабока, политичка историја.

Што се однесува до самиот гејмплеј и графички енџин, оние кои ја играле Pillars of Eternity нема премногу да бидат изненадени и точно знаат што да очекуваат од оваа класична RPG игра (cRPG).

Tyranny излегува за PC и Mac на 10 ноември.

Кои се Obsidian Entertainment?

Obsidian Entertainment се ветерани во гејмерската индустрија и по неколку успешни, но туѓи проекти (Star Wars: Knights of the Old Republic и Fallout: New Vegas), се покажаа пред јавноста со крајно амбициозниот, но, за жал, потценетиот Alpha Protocol, за да повторно се издигнат на врвот со феноменалната South Park: The Stick of Truth. По успешната Kickstarter кампања, која ни ја донесе Pillars of Eternity и две содржителни експанзии, развивачите добија охрабрувачка духовна и финансиска инфузија која беше критична за нивното понатамошно постоење. Слично со Conquest модот, во вистинскиот свет Tyranny како игра е производ на долга и макотрпна историја и продукт на исклучително талентирани група автори. Таквото нешто, се чини, е воочливо уште од креаторот за ликови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии