Rosetta е вештачка интелигенција за мемиња од Facebook

Image courtesy of Facebook

Rosetta е нова технологија на Facebook која може да препознае и да анализира слика и текст. Технологијата постојано прегледува милијарди слики, а целта е на корисниците да им помогне со релевантни слики при пребарувањата.

Но, Rosetta не е достапна исклучивo на Facebook, технологијата анализира и слики од Instagram, а не застанува само на ова, туку анализира и видео, вели Facebook.

Со оглед на обемот на слики кои ги анализира платформата, секако дека мора да постои некаква оптимизација. Најпрво се детектираат квадратни региони во кои потенцијално постои текст. Потоа се анализираат регионите и прави транскрипција на текстот. За детекција на текстот се користи „Faster R-CNN“ технологија.

Технологијата е корисна и за препознавање и отстранување на несоодветна содржина, нешто со што Facebook има проблеми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии