Rolls-Royce развива мотор за летечко такси

Еден од најверојатно најпопуларните производители на луксузни автомобили Rolls-Royce работи на мотор за летечко такси. Првиот мотор би требало да биде достапен веќе следната декада, јави BBC.

Секако станува збор за електричен мотор. Според она што досега е споделено, леталото ќе може да полетува и да слетува вертикално. Максималната брзина на летање му е 420 km/h и може да поимине до 800 километри пренесувајќи најмногу 5 патници.

Rolls-Royce се подготвува да биде сериозна конкуренција на пазарот.

„Во положба сме да бидеме лидери во свет на персонална аеро мобилност која само што се појавува. Ќе соработуваме со повеќе партнери“, вели Роб Вотсон, одговорен за електричниот тим на компанијата.

Малитер персонални летала засега наликуваат на фантастика, но тоа речиси без сомневање ќе се промени во иднина. Голем број поголеми компании од Uber, до Rolls-Royce и Airbus работат на технологија која ќе овозможи евтин персонален авио превоз.

Од Rolls-Royce најавија дека следно за компанијата е пронаоѓање на партнер кој ќе ја изработува „рамката“ на авионите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии