Rockmelt во соработка со Facebook, дали мрежата ќе да си добие свој прелистувач?

Rockmelt е комплетно друштвен прелистувач, но иако има интересни можности и наменет за „хардкор“ друштвени корисници, сепак по претставувањето привлече само неколку стотина илјади корисници, што е малку споредено со другите прелистувачи. Но, сега можеби ја има заинтересираната друштвен мрежа со над 600 милиони корисници на своја страна.

„Нема сомнеж дека друштвеното е иднина на Вебот, со Facebook како неговото јадро. Има смисла друштвеното да се приклучи на навигацијата и пребарувањето како фундаментални можности на прелистувачот.“, вели ко-основачот на Rockmelt, Ерик Вишриа.

Rockmelt може да стане еден вид посебен Facebook клиент. Иако има интеграција и со други друштвени мрежи, сепак сега Rockmelt може лесно да се користи само за Facebook без потреба да се оди преку веб страна. Можеби Facebook е заинтересиран да започне партнерство со еден мал стартап со цел да се приклучи на неговите големи конкуренти Аpple и Google кои веќе имаат свои прелистувачи – Safari, односно Chrome, кои иако далеку зад Firefox и Internet Explorer, сепак имаат значаен удел на пазарот на прелистувачи, благодарени што се промовираат преку компаниските платформи. Промовирањето е и проблем за Rockmelt кој е независен стартап, а Facebook лесно може да си креира свој прелистувач, иако интересот и партнерството можеби значат дека ќе одат по полесниот пат и ќе го купат друштвениот прелистувач…

Но, тоа за сега е само претпоставка. И двете компании одбија да коментираат за идните планови, всушност рекоа дека имале супер техничка соработка и ништо повеќе. За сега.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии