Rockmelt, прелистувач за друштвени мрежи

Rockmelt е во затворена бета во моментот, но може да се логирате со вашиот Facebook профил и да чекате покана за да го пробате.

По тоа што може да се види од видеото, интерфејсот е доста интересен, наменет пред се за „power“ корисници на друштвените мрежи фокусирајќи ги кон полесно и побрзо споделување. Од лево ги имате Facebook контактите со кои можете да четувате, од десно пак се копчињата на друштвените мрежи кои со едно кликање се отвора мени кое ги листа најновите постови…

За споделување има посебно копче веднаш до барот за URL адреси, така да ако ви се допадне нешто веднаш кликате Share и го споделувате со пријателите.

Rockmelt има уште еден интересен момент. Бидејќи е базиран на Chromium проектот како и Google Chrome, може да ги користи Chrome екстензиите. Интересно, во Rockmelt инвестира Марк Андерсон, ко-оснивач на NetScape, eден од првите прелистувачи пред да се појави Internet Explorer.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии