Роботски мозок ќе учи за луѓето од видеа на YouTube

Интернетот ќе биде библиотека од која роботите ќе учат најразлични вештини од интернет. Нов проект Robo Brain, сличен на претходно претставениот Robo Earth, го зголемува своето знаење од податоците кои се достапни на глобалната мрежа. Robo Brain е криран во соработка на универзитетите Cornell, Brown, Stanford и California, а поддршка за проектот доаѓа и од технолошките гиганти Google и Microsoft, вели ВВС.

Тимот кој работи на проектот вели дека на Robo Brain му се на располагање милијарди слики, 120.000 Youtube видеа и 100 милиони „how-to“ документи. Robo Brain започна да прибира информации во облакот пред еден месец. Слично како и кај Robo Earth, доколку роботот се сретне со непозната ситуација или објект, ќе може на мрежата да пребара се што може да пронајде. Со помош на облакот роботот ќе може да препознава објекти како шољи за кафе, чадори, па дури и да препознае кога сопственикот гледа телевизија и да не поминува пред телевизорот, како се користи микропечка или да не се испречи помеѓу соговорници кои разговараат.

Идејата е податоците да им бидат достапни на роботите додека им помагаат на луѓето со домашните обврски. Засега нема да има преголема корист од мрежата, но научниците велат дека првите роботи би можеле да се најдат во домовите веќе за десетина години.

[youtube]D_EvBEtVodY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии