Одредот за демонтирање на експлозивни направи на полицијата од Масачусетс од месец април, неколку месеци го изнајмуваше роботот Spot од Boston Dynamics, вели радио-станицата WBUR.
Ова е прва полиција која го користи „кучето робот“, а роботот е користен како подвижен уред за надгледување од далечина. Со него полицијата се приближувала и надгледувала сомнителни уреди и локации. Полицијата покрај тренинг на двапати го користела роботот и на терен. Во текот на овие две акции со Spot дошла до слики од сомнителни уреди и била надгледувана локација на која се криеле осомничени. Веројатно она што повеќе не интересира е прашањето на кое нема да добиеме одговор, а тоа е „Дали Spot во овие ситуации бил автономен или бил управуван од оператор?“.
Boston Dynamic е период во кој го нуди роботот на продажба и ќе биде интересно да видиме колку области на примена ќе успее да пронајде компанијата. Иако роботот има отворен софтвер кој може да за еменува во зависност на потребните на клиентот, производителот и креаторите на роботот нема да дозволат вооружување на роботот и негово користење за напад на луѓе. Компанијата јасно им го става ова на знаење на сите потенцијални клиенти.
1 коментар на “Роботот „Spot“ на Boston Dynamics си најде работа во полиција”