Yamaha го има најдобриот начин да ги привлече посетителите на Tokyo Motor Show на својот штанд. Покрај моторите, Yamaha го донесе и Motobot, робот со кој компанијата се надева дека ќе може да ги предизвика и најдобрите возачи во мотоспортот. „Постојано се подобрувам. Јас сум Motоbot, создаден сум да ве надминам,“ вели роботот предизвикувајќи го легендарниот тркач Валентино Роси, попознат како „Докторот“.
Целта на тимот на Yamaha е да креира робот кој ќе може да управува со немодификуван мотор, а судејќи според видеото, на добар пат се да го направат ова. Од она што може да го видиме, изгледа дека Motobot е во прва фаза на тестирање и без проблем самостојно вози, иако единствено право и со помошни тркала. Користењето на Motobot надвор од презентацијата, сепак засега изгледа неверојатно.