Роботот на седмооделенец од Скопје освои златен медал на Олимпијада во Србија

Матеј Предовиќ, седмооделенец во скопското училиште „Војдан Чернодрински“, се врати од Зрењанин со златна медала. Матеј го освои првото место по роботика на Олимпијадата за технички креации за младите од Југоисточна Европа. Како што вели 11-годишниот Матеј, за Дневник.мк, на Олимпијадата имаше еден куп учесници, над стотина од разни земји како Бугарија, Романија и Црна Гора, кои се натпреваруваа во различни области како кинотека, видеотехника и роботика.

„Јас учествував со робот чија намена е да ~ помогне на војската да пронајде непријатели, за научниците да ги истражуваат опасните животни. Може да послужи и за градежништвото, за испитување цевки, но и за пронаоѓање бомби под автомобили. Роботот има светла и камера. И камерата и роботот можат да се движат нагоре, надолу и лево и десно“.

Матеј го направи роботот со помош на неговиот професор по техничко образование, Лазе Змилески, и неговиот татко, Златко Предовиќ, кои му наоѓале делови од Шведска и Германија. Матеј, кој уште од четврто одделение се заинтересирал за роботиката, заедно со своите ментори работел околу шест месеци на роботот.

„Секој ден доаѓав на часовите кај него во осмите одделенија и гледав како работат. Kога виде дека имам желба, но и дарба, во петто одделение ме испрати на градски натпревар, каде што го освоив четвртото место. Следната година исто така ме испрати на градски натпревар и го освоив првото место. Една недела подоцна бев на државен натпревар по роботика и техника, каде што исто така го освоив првото место. По два месеца ми се јави другар од Тетово и ме праша дали сакам да учествувам на Олимпијада по роботика. Јас не се мислев, туку одговорив потврдно и така почна мисијата за подготовките за учеството на Олимпијадата во Зрењанин“.

Како и многу млади гении, и Матеј сака да продолжи да учи во странство бидејќи верува дека таму ќе најде поголеми предизвици.

[youtube]FfqqB2oklf[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии