Роботот Atlas на Boston Dynamics е неверојатен

Дејан Соколоски

во Свет

Се сеќавате на времето кога роботите едвај држеа рамнотежа и беше супер да гледаме кога наводните „окупатори“ од иднината не се одржуваат на „нозе“? Заборавете го тоа!

Boston Dynamics со кусо видео претстави надградба на Atlas. Видеото истовремено е импресивно и застрашувачко. Атлас без проблеми се движи со брзина која би се рекло дека е помеѓу брзо одење и трчање и избегнува препреки. Во еден момент прерипува преку дрво, а веќе во следниот во неколку скокови се качува по „скали“. А, и не станува збор баш за скали, туку за платформи поместени една од друга на кои треба да се рипне. Atlas ова го направи беспрекорно.

Напредокот кој се прави последниве неколку години со роботите е речиси неверојатен. За само неколку години стигнавме од роботи кои едвај стојат на две нозе, до робот кои е побрз од гепард и до роботи кои пречките ги преминуваат без проблеми. Што ќе донесат следните неколку години е речиси невозможно да се замисли.

1 коментар на “Роботот Atlas на Boston Dynamics е неверојатен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии