Роботите се неодлучни кого прво да спасат кога се соочени со етичка дилема

Алан Винфред, експерт од Лаботаторијата за роботика во Бристол, и неговите колеги наидоа на интересна реакција од робот на кој го тестираа „Првиот закон за роботика“ на авторот на научно-фантастични новели Исак Асимов кој гласи: „Робот не смее да повреди човек или преку не преземање на акција да дозволи човекот да биде повреден.

Заради безбедност во тестовите наместо луѓе се употребени други роботи ставени во улога на луѓе во животна опасност. Тестовите покажуваат дека роботот одлично се снаоѓа кога е во прашање спасување на еден човек, но доколку на „сцената“ се постави уште еден, роботот започнува да се однесува непредвидливо. Во дел од случаите успева да спаси еден од „луѓето“, но се случува и да замрзне и да не може да одлучи кого да спаси оставајќи ги „луѓето“ на својата судбина.

[youtube]jCZDyqcxwlo[/youtube]

Роботите се своевидно етички зомби кое нема избор освен да се однесува како што се однесува, вели г.Винфред. Интересно е и прашањето на кое ќе мора да дадат одговор Google, дали автоматиката која е вградена во нивното автономно возило ќе може да одбере да го заштити животот на патниците, по цена на нечив друг живот надвор од возилото.

Друг истражувач, Роналд Аркин од Институтот за технологија Џорџија, веќе работи на алгоритам за воени роботи кој ќе овозможи да се намали бројот на жртви кога борбите се близина на болници или училишта. За разлика од луѓето кои понесени од емоциите можат да заборават на правилата на војување, кај роботите оваква опасност не постои, пренесува New Scientist.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии