Роботите ќе ни ги украдат работните места, но ќе отворат и нови

Роботите дефинитивно ќе ни ги украдат работните места. Но, тие ќе отворат нови позиции кои сега не постојат, вели Џ. П. Гаундер, аналитичар на Forrester, за Wired. Она што е евидентно е дека најпрво ќе бидат заменети професиите за кои не се потребни вештини за извршување, а ниту е потребно некакво посебно образование. Можеби најдобар пример се фабриките во кои физичкиот работник е заменет со машини кои можат да извршуваат автоматизирани процеси многу побрзо и според еден стандард, отколку што тоа можат да го прават луѓето. Но, ако физичкиот работник беше заменет, за овие машини сега треба едуцирани инженери да ги дизајнираат и одржуваат.

Очекувањата се дека во следните 20 години роботите ќе заменат дуре 47 отсто од вработените, а во САД во следните 10 години потребата од вработени луѓе ќе биде намалена за 9,1 милиони. Благодарение на автоматизацијата, нивната работа ќе ја извршуваат роботи и алгоритми.

Но, трендот од последниот период покажува дека вештачката интелегенција ќе овозможи замена не само на физичката работа, туку и на професиите и работата која се смета за интелектуална. „Голем дел од позициите кој сега носат висока плата, а за кој се потребни значителни вештини имаат значителен дел на обврски кои можат да се автоматизираат,“ вели Мајкл Чуи од McKinsey Global Institute. Дел од овие работни позиции се лекари, финансиски менаџери, а и 20 отсто од работата на директорите може да биде автоматизирана, вели New York Times.

Иако на долг рок старите професии ќе бидат заменети со нови, се чини дека пред сѐ поради обемот на намалувањето на професии предизвикано од автоматизацијaта, вистински предизвик ќе биде транзицијата од едно работно место на друго, пред сѐ за кадрите кои нема да бидат подготвени.

Она што во догледен рок нема да може да биде заменето е интеракцијата со луѓе, така дел од споменатите професии кои ќе бидат зафатени со револуцијата во вештачката интелегенција, ќе бидат со помал обем и ќе бидат ограничени. Во иднина лекарскиот преглед можеби ќе биде потполно автоматизиран, а лекарите единствено ќе треба да ги презентираат резултатие пред пациентите.

1 коментар на “Роботите ќе ни ги украдат работните места, но ќе отворат и нови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии