Роботите ќе ги заменат луѓето во 47 отсто од работните места

Речиси половина од работните места кои се достапни денес се под ризик да исчезнат во блиска иднина, односно работниците да бидат заменети со автоматизирани процеси или роботи, се вели во истражувањето на Карл Фреј и Мајкл Осборн од Оксворд.

Вообичаениот пример со автономните возила на Google кои ќе ги заменат возачите е повторно споменат од Fastcompany, но вистинските проблеми ќе запоочнат кога работниците во фабриките ќе бидат заменети со роботи или паметни монтажни ленти. Подобрите сензори, поквалитетно и попрецизно управување со електромоторите ги прават машините не само посилни, туку и поумешни од луѓето. „Опремување на роботите со овие сетила и зголемена прецизност ќе го зголеми опсегор на работи кои може да ги извршуваат.“, велат авторите на истражувањето.

Ова се разбира не значи дека ќе има помалку работни места, туку само дека нема да им бидат достапни на луѓето. Подобро кажано зголемената продуктивност ќе го намали бројот на потребни работници. Наместо луѓе, производството кое ќе почне да се пополнува со автоматизирани машини. Покрај ова во опасност се и вработените во продавниците за брза храна и луѓето кои издаваат лекови.

„Ова е историски тренд, технологиите за производство во 19 век ја олеснија работата на ткајачите и производителите на алати. Првата револуција на комјутерите отстрани дел од работните места достапни за средната класа на работници. Следната генерација на компјутери, ќе ги замени ниско-квалификуваните работници.“, велат г. Фреј и Осборн.

Според нив, засега безбедни се работните места поврзани со наука и инженерство, здравство, уметности и образование. Сепак Ендрју Мекафи од MIT Sloan School of Management во својата TED презентација предвиде уште поголема замена на луѓето со машини. Новинарството ќе биде една од професиите на удар, паметни алгоритми веќе сега „пишуваат“ одлични статии, единствената потреба од луѓето е етичка одлука дали некој текст е соодветен или не. Компјутерот на IBM, Watson „тренира“ да биде асистент на лекарите и иако, засега холографските лекари припаѓаат во Star Trek, во подалечна иднина не е исклучена можноста да не лечат машини. Сепак се чини дека развојот и иновациите ќе останат достапни единствено за луѓето. И не само тоа туку и бројот на иноватори ќе мора да се зголеми, прогнозира г. Мекафи.

[youtube]WMF-Z74C1QE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии