Роботите доаѓаат – Boston Dynamics започнува со продажба на SpotMini во 2019

Image courtesy of Boston Dynamics / YouTube

Boston Dynamics од 2019 година ќе започне со продажба на SpotMini. Ова е прв робот кој ќе биде достапен во комерцијална продажба, по 26 години работа на компанијата.

Ова е најтивкиот робот кој е произведен од компанијата, што секако е важно кога се размислува за продажба до крајни корисници. Претходно заработката на Boston Dynamics главно доаѓаше од договорите кои ги имаа со DARPA.

Компанијата ќе започне да ги контактира производителите на делови за првите 100 роботи веќе оваа година. Потоа ќе ја започнат да го зголемуваат производството. Целта е првите роботи да почнат да се продаваат следната година.

Што се однесува до цената, барем засега останува непозната. Она што е сигурно е дека правењето на оваа верзија на роботот е 10 пати поевтина од претходните.

SpotMini е далечен потомок на BigDog. BigDog е замислен како поддршка на војската на САД. Овој робот треба да им помогне на војниците во носењето на товар. Секако и SpotMini може да има слична улога за неговите купувачи. Секако ќе биде интересно да видиме што друго има замислено Boston Dynamics за својот робот.

Компанијата досега има развиено куп роботи, но не ги продаваше. Конечно додека беа дел од Google, започнале да размислуваат за ова. Boston Dynamic по три и пол години поминати како дел од Google, во 2017 година го промени сопственикот и сега е дел од SoftBank Group.

Повеќе за Boston Dynamics може да погледнете на интервјуто на TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии