Роботи со повратна врска ќе демонтираат бомби

Дејан Соколоски

во Вести

Војската на Велика Британија ќе добие подобар робот во тимот за уништување на бомби. Поточно не станува збор за сосем автоматизиран робот, туку за продолжена рака на експертот за експлозив.

Роботот во овој тим овозможува безбедна работа од далечина. Ова е одлично бидејќи нема опасност од повреди, но од друга страна не овозможува да го почувствува она што го „работи“. Ова беше случај со роботите кои се користеа досега. Новите четири роботи доаѓаат со напредна „haptic“ повратна врска која овозможува експертот за експлозиви да има чувство како да го допира експлозивот додека работи од безбедна далечина.

Ова ќе овозможи поголема прецизност додека управува со машината обидувајќи се прецизно да ги избегне „стапиците“ и да го онеспособи експлозивот.

Новите роботи кои се на располагање на армијата на Велика Британија се изработени од Harris и доаѓаат и со HD камери и погон за движење во сите услови. Засега роботите се на тестирање во Британија и САД, пренесе Engadget.

На тестирање се пристигнат 4 од 56 Harris T7 роботи кои ќе пристигнат во Британија како дел од договорот вреден 70 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии