Робот успеа да го положи испитот за доктори

Кинеската вештачка интелигенција Xiaoyi успеа да освои доволни поени и успешно да го положи лекарскиот испит, јави  South China Morning Post.

Иако вештачката интелигенција последните неолку години се покажува како подобра од лекарите во неколку полиња, ова е прв пат да го положат лекарскиот испит. Xiaoyi испитот го помина со 456 поени, 96 поени над границата. Ова значи дека роботот би можел да асиситира, па дури и да прима пациенти, иако ова засега изгледа неверојатно.

Кина во моментов не е лидер во развојот на вештачка интелигенција, но многу инвестира на ова поле. Државата го препознава потенцијалот на вештачката интелигенција и сметаат дека ќе биде следниот голем двигател во економијата. Поради ова се надеваат дека до 2030 година ќе го преземат приматот на лидери од САД.

Што се однесува до лекарите и медицинската примена, последниве години вештачката интелигенција покажува дека ќе биде подобра од луѓето. Можноста за обрнување внимание и на најситните детали, и можноста за пребарување по сите бази за симптомите.

Влезот на вештачката интелигенција во медицината започна со Watson на IBM, нешто подоцна и Google Brain стана лекар. Последниве неколку години има повеќе алгоритми кои се користат за специјализирани случаи, пример, дијагностицирање на рак на кожа. Дури и во рана фаза вештачката интелигенција се покажува подеднакво добра како и лекарите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии