Робот на Google ги победи шампионите во Go

Новиот светски шампион во традиционалната кинеска игра на табла – Go e AlphaGo! Вештачката интелегенција на Google во октомври минатата година го победи европскиот шампион во Go, па се чини дека беше единствено прашање на време кога и светскиот шампион ќе ја дочека истата судбина. Go е кинеска игра на табла која е посложена од шахот, чии веле-мајстори беа победени од компјутери уште во деведесетите.

„Изненаден сум бидејќи не мислев дека ќе го изгубам натпреварот… Направив грешка на почетокот која на крајот ме казни.“, вели Ли Се-дол за BBC. Сепак и покрај грешката г. Ли водеше во текот на најголемиот дел од натпреварот. Пресвртот се случи 20 минути пред крај на натпреварот, кога AlphaGo го презема водството. За г. Ли ова не е крај на натпреварите со компјутерскиот противник, тој вели дека AlphaGo е фантастичен противник и се радува на следните партии.

„Играњето против машина е различно од играњето против луѓе. Нормално можете да чувствувате како дише противникот, нивната енергија, често ги правите одлуките во зависност од реакцијата на противникот“, вели шампионот.

Go е игра која потекнува од Кина, од пред околу 3.000 години. Станува збор за логичка игра, но за разлика од шахот, во Go голема улога игра и интуицијата, што прави играта да биде далеку покомплицирана за развој од шахот. За да може да се победи во Go, играчот мора да биде способен за човечка интуиција.

Новиот светски шампион не даде изјава. :)

2 коментари на “Робот на Google ги победи шампионите во Go

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии