Roboearth, повисоко ниво на свест на роботите

Што сака RoboEarth всушност да постигне?

Целата е да се создаде огромна open source мрежна база на податоци, до која ќе може да пристапи, и континуирано да ја обновува секој робот на светот. Кога знаењето ќе се споделува на така огромни размери, RoboEarth има голем потенцијал да стане огромна поддршка за 3Д чувството, однесувањето и способностите за учење на секој робот.

На сликата е објаснета хиерархијата на деловите на роботот. Како што може да видиме, RoboEarth содржи информации кои се поврзани со: препознавањето на објекти (слики, модели на објекти), навигација (мапи, модели на светот), задачи (рецепти за акции, стратегија за манипулации) и хостирањето интелегентни објекти (повзување на слики, офлајн учење).

На овој начин научниците сакаат да го стандардизираат начинот на кој роботите учат за светот. Секој робот е посебно направен и на свој начин го гледа светот, што ја отежнува работата кога своето стекнато знаење би требало да ги пренесе на некој друг, сосема различен робот. RoboEarth би дошол како шема по која роботите ќе учат како да учат за она што ги опкружува.

„Википедија е нешто кое луѓето го користат за да споделуваат знаење, кое секој може да го измени, може да придонесе со своето знаење и секој може да пристапи до него. Нешто такво не постои за роботи.”, вели Маркус Веибел од швајцарскиот Институт за технологија.

RoboEarth може да се протолкува баш така, како Википедија за роботи.

„Клучот е да им се дозволи на роботите да споделуваат знаење. Тоа е навистина ново.“, продолжува г. Веибел.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, на него работат 35 експерти и ќе трае 4 години. На крајот на тој период треба да има готова верзија на системот за демонстрирање.

Ова е голем напредок во областа на роботиката. Создавањето на база од каде роботите можат да црпат знаење и да извршуваат успешно задачи за кои не биле предходно програмирани, или пак да се снајадат во простор во кој се наоѓаат за првпат, е приближување до идејата роботите да им станат навистина корисни на луѓето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии