Роберт Дауни Џуниор ќе снима YouTube серија за вештачката интелигенција

Понекогаш за некоја тема да стане поинтересна, помага ако некоја јавна или позната личност започне да ја поддржува. Роберт Дауни Јуниор планира да креира YouTube серија со теми за вештачка интелигенција.

Секако за повозрасните самите можности кои ги нуди и кои ни се презентирани досега се доволно интересни за да бидат заинтересирани. За децата и помладите, сепак можеби е потребен Ironman да ги заинтересира за вештачката интелигенција. Шоуто ќе биде во 8 епизоди и ќе се емитува на YouTube Red. Серијата г. Дауни ја продуцира со својата сопруга Сузан Дауни.

Г. Дауни во Marvel универзумот ја има улогата на плејбој милионер и инженер, Тони Старк. Тони освен што е креатор на Ironmen костумот кој обезбедува „супермоќи“ е креатор и на вештачката интелигенција Џарвис. Интересот на актерот за вештачка интелигенција излегува и надвор од филмовите.

„И Роберт и мене нѐ интересира вештачката интелигенција, комплицирана и поларизирана тема“, вела Сузан Дауни.

Интересот на децата за вештачката интелигенција секако ќе биде интересен, но од ваквите серии на холивудските ѕвезди придобивки има и YouTube. На самиот YouTube Red канал засега сè уште му недостасува содржина која ќе ги убеди корисниците да се претплатат.

YouTube Red е верзија на YouTube со претплата. За 10 долари претплатниците можат да следат оригинална содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии