Роамингот во Балканот ќе поевтинува постепено до 2017-та година

По првичната најава, во понеделникот во Будва, Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина потпиша договор за заеднично намалување на роаминг цените. Цените ќе се намалуваат по примерот на Европската Унија која реши да ги избрише прескапите роаминг услуги кои ја ограничуваат комуникацијата помеѓу државите. Бидејќи четирите балкански држави не се во ЕУ, беше потребно сами да направат заеднички договор за намалување на роаминг цените. Се очекува кон иницијативата да се приклучат и Косово и Албанија.

Како што направи Европа, која ги намалува цените постепено од година за година, се до 15-ти декември 2015-та година кога тие ќе бидат изедначени со домашните цени; така и балкански земји ќе се обидат да ги намалат цените постепено. Планот е во следните три години, до 2017-та, цените на роамингот да се намалат на ниво на цените во Европската Унија. Работното тело ќе има рок од еден месец да ја осмисли динамиката како ќе паѓаат цените, кои треба да изнесуваат до 12 денари за 1 мегабајт во роаминг (од сегашни 600 денари), една минута разговор да биде 11 денари (од сегашни 60 денари) и SMS пораката да биде 3,5 денари.

Земјите ќе треба да направат промени во законските регулативи, што може да отвори расправа со мобилните оператори кои нема да бидат задоволни што ќе изгубат дел од своите приходи. Но според српскиот министер за телекомуникации, Расим Љајиќ, промените на цените не мора да значи дека ќе има поголем пад во приходите, бидејќи ќе има поголем сообраќај.

„Свесни сме дека тие нема да бидат воодушевени од иницијативата, но ќе с епотрудиме да изложиме јасни економски аргументи зошто е во нивен интерес оваа спогодба да биде реализирана“, вели г. Љајиќ за Tanjug.rs.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии