Роаминг цените повторно паѓаат во Европа

Цената на роамингот во Европската Унија од 1 јули ќе биде значително намалена. Најзабележително е намалување на цените на интернет-сообраќајот кој ќе повтини повеќе од 50 отсто. Цената на еден мегабајт ќе се намали од 45 евроценти на 20 евроценти (12 денари). Забележителен е и падот на цената на повиците од 24 на 19 евро центи. Регулаторот ја одредува максималната цена на услугите, па доколку постои можност дел од телеком компаниите можат да понудат и пониска цена за роаминг. Идејата зад регулацијата пред се е промоција на интересите на граѓаните со тоа што ќе се зголеми конкуренцијата на европските телеком-оператори. Ова ќе биде остварено со намалување на цената на роаминг услугите и подобар квалитет за корисниците.

„Понатамошен зналителен напредок за единствен европски пазар за телеком е од суштинско значење за стратепките интереси на Европа и економски развој. За самиот сектор телекомуникации, но и за граѓаните кои се фрустрирани од тоа пто немаат целосен и фер пристап до интернет и мобилни услуги“, вели Нели Крус, евро-комесарката задолжена за Дигиталната агенда на ЕУ.

Новиот пакет е преодна мерка, која треба да го подготви пазарот за целосно укинување на роамингот во рамките на земјите членки на Европската Унија. Во април Европскиот Парламент изгласа укинување на роамингот кое ќе се активира на 15 декември 2015 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии