Rimac Motors ја престави Nevera електричен суперавтомобил

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Nevera е новиот автомобил кој доаѓа од Rimac Motors. Автомобилот е надградба на Concept Two автомобилот кој сега е подготвен за производство. Возилото е со електичен погон, вештачка интелигенција, изгледа одлично, и е супер, супер брзо.

Сѐ на возилото од шасија, до копчиња и воздушни перничиња е уникатно и изработено за овој автомобил. Името „Nevera“ доаѓа од хрватскиот јазик и се користи за моќна и ненадејна бура на Јадранското море.

Хипер-автомобилот е двосед и според најавата ќе бидат изработени само 150 возила. Од 0 до 100 km/h забрзува за 1,97 секунди; од 0 до 300 km/h за 9,3 секунди; а максималната брзина на автомобилот е 412 km/h. Батеријата е со капацитет од 120kWh што овозможува да се извозат 544 километри пред да биде потребно полнење на батериите.

Rimac Motors за Nevera креираше сопствена вештачка интелигенција која им помага на возачите. Системот е составен од 13 камери, 6 радари и 12 ултразвучни сензори, а за стабилизација на возилото е изработен нов систем за векторирање на моментот на сите тркала (all-wheel torque vectoring system).

Сите купувачи на Nevera се поканети да ја посетат Хрватска во текот на производството за да можат и самите да го персонализираат возилото.

„Секој купувач ќе биде поканет во Хрватска да го дизајнира возилото според своите желби“, велат од Rimac.

Цената на Nevera е 2,4 милиони долари, што можеби и не премногу за автомобил што за неколку секунди го остава Ferrari SF90 зад себе. Мат Вотсон од Carwoe веќе го тестираше возилото и може да ги погледнете првите реакции.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии