Rimac Motors го претстави новиот кампус

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

Rimac Motors е хрватски производител на електрични автомобили и батерии за електрични возила кој произведува дел од најмоќните и најлуксузни електрични возила. Хрватската компанијата е основана од Мате Римац. Во 2011 започнаa во гаража со тројца вработени за денес да планираат да се преселат во еден од најмодерните капацитети со над 550 вработени.

Компанијата денес има две импресивни електрични во возила, Concept One и Concept Two. Помеѓу партнерите на Rimac се Kia, Hyundai, Automobili Pininfarina и Porsche.

Пред неколку години Rimac Motors преку серија видеа започна да ја споделува својата замисла за иднината на производните погони на компанијата. Денес компанијата го претстави дизајнот за своето ново технолошки напредно седиште. Покрај поканите од повеќе држави, Rimac останува со седиште во Хрватска. Официјално погонот ќе биде завршен и ќе биде отворен во 2023 година, пренесе ICT Business.

„Со брзиот раст доаѓаа и проблеми со просторот со кои се снаоѓавме со многубројни импровизации, на крај завршивме со десет згради во шест градови во Хрватска. Работното опкружување и соработката помеѓу тимовите ни се исклучително важни, па поради ова  одлучивме да направиме голем исчекор и да изградиме долгорочен дом под името Rimac Kampus. Желбата ни е во соработка со водечки светски архитекти да креираме простор кој најдобро го изразува нашиот бренд и нашите амбиции, како би изградиле кампус кој се вклопува во природните убавини на Хрватска, а истовремено ги обединува и сите аспекти на Rimac“.

Новото седиште на компанијата е супер модерно и изработено по пример на најголемите технолошки гиганти. Најголемите компании како Apple, Google и Microsoft имаат вакви кампуси, но во регионот вакви објекти се реткост.

„Една од клучните вредности на Rimac се добробитот и едукацијата на вработените. Заради ова се планирани и теретана, играчница, спортски центар, ресторан, па дури и градинка со ливада и домашни миленичиња. Во склад со ориентацијата и одржливоста предвидено е производство на органска храна, како и зеленило за уживање на вработените и посетителите“

Дел од новото седиште на компанијата се и музеј и тест патека, но и куп помали објекти. На локацијата ќе бидат базите за истражување, развој и производство. Покрај ова на локацијата има и простор за миленичиња, фризери, ветеринар, простор на кој вработените ќе можат да одгледуваат зеленчук…

Објектот на Rimac Motor ќе се протега на 200 000 квадратни метри, од кои целиот комплекс ќе биде на 100 000 квадратни метри.

Заедно со најавата за кампусот, започна „втората сезона“ на видеа Mondays with Mate. Во првата епизода Мате Римац претставува дел од визијата за новата локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии