RIM закажа BlackBerry 10 настан за 30-ти јануари

Research in Motion на 30-ти јануари 2013 ќе го претстави најновиот редизајниран BlackBerry 10 оперативен систем заедно со два нови BlackBerry 10 телефони, еден со екран на допир и еден со тастатура. Настанот е возбудлив не само за фановите на BlackBerry, туку за целата мобилна индустрија бидејќи оваа нова платформа ќе ја одреди судбината на RIM. Или еднаш најпопуларниот паметен телефон ќе се врати меѓу успешните, или пак ќе остане заборавен и неконкурентен.

Компанијата работеше напорно да креира „уникатно мобилни искуство што се прилагодува според корисничките потреби“, вели директорот на RIM, Торстен Хејнс. Тој најави дека RIM веќе се во преговори со 50 производители на телефони и дека платформата го доби сертификатот FIPS 140-2, кој е потребен за телефонот да се користи од владини институции.

Според г. Хејнс, BlackBerry 10 нема да биде налик на ниту еден телефон на пазарот. Таа изјава важи и во моментот зa BlackBerry. Овој паметен телефон е уникатен бидејќи за разлика од покомерцијалните телефони на Apple, Samsung и HTC, е наменет пред се за бизнис луѓето. Но, и покрај уникатноста сепак не нуди ништо повеќе од тоа што го нуди iOS, Аndroid и можеби новата Windows Phone 8 платформа која наскоро ќе ја видиме на бројни уреди.

Всушност според некои аналитичари WP8 може да го надмине 1 отсто од пазарот што ги држи BlackBerry во САД по само три месеци. Глобално BlackBerry, иако е трета најпопуларна платформа, држи само 4,3 отсто од пазарот. Лани BlackBerry имаше 9,5 отсто.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии