RIM: Можеби ќе го продадеме хардверскиот бизнис, и ќе го издаваме BlackBerry 10

Reseach in motion можеби ќе дозволи други производители да го изнајмуваат BlackBerry 10 оперативниот систем, како што тоа го прави Microsoft со Windows Phone 8. Платформата ќе биде претставена на 30-ти јануари.

„За да го лиценцираме софтверот ќе треба да покажеме дека платформата има потенцијал. Првин ќе треба да го исполниме тоа ветување, а потоа може и да го лиценцираме софтверот.“, вели директорот на RIM, Торстен Хејнс.

Во интервјуто за германскиот Die Welt, г. Хејнс вели дека постои и можност RIM да го продаде својот хардверски бизнис, односно да престанат самите да го произведуваат BlackBerry, и да и се посветат само на софтверската платформа која еднаш беше најуспешна на пазарот на паметни телефони, а денес е далеку зад iOS и Android.

„Ние сме во релативлно млада индустрија. На пазарот на паметни телефони, кој расне брзе, има многу место. Ќе биде покажано колку системи ќе може да издржи пазарот. Очекувам дека ќе си играме со BlackBerry 10 и мислам дека нашата улога ќе биде важна.“, вели г. Хејнс.

3 коментари на “RIM: Можеби ќе го продадеме хардверскиот бизнис, и ќе го издаваме BlackBerry 10

  1. Штом ќе го отворат блекбери ОС и на други телефони, ова ми личи на очаен чекор и на расипување на квалитетот на телефоните

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии