RIM ги смени директорите, но дали ќе ја смени и судбината на BlackBerry?

Research in Motion, компанијата зад BlackBerry паметните телефони, ги тргна Мајк Лазаридис и Џим Балсиле од директорската позиција на која сега ќе седи досегашниот шеф за операции Торстен Хејнс.

„Доаѓа време во растот на секоја успешна компанија кога основачите ја препознаваат потребата да ја предадат палката на ново раководство. Џим и јас му рековме на бордот дека мислиме дека времето за тоа е сега.“, вели г. Лазаридис, кој ја основа RIM во 1984 година.

RIM моментално се наоѓа во незгодна ситуација на пазарот на паметни телефони на кој еднаш, во 2008-ма, владееја. Нивните уреди со тастатура, сега се заменуваат со екрани на допир за да конкурираат на iPhone и на се поголемиот број на најразлични Android уреди.

Според новиот директор Хејнс, компанијата нема да промени кој знае колку од поставената стратегија. Во следниов период RIM ќе работи на подобрување на таблет компјутерот PlayBook, на нови BlackBerry уреди и на новиот оперативен систем BlackBerry 10.

„Се работи за континуитет, но нема да биде застој.“

Заедно со вестите дека ќе бидат сменети директорите, RIM рече дека нема да се продава.

[youtube]QUFwhpcrCTw[/youtube]

1 коментар на “RIM ги смени директорите, но дали ќе ја смени и судбината на BlackBerry?

  1. речиси сите апликации се наплаќаат, ретко има безплатни а за кракувани ни под разно… најпрво треба да си го решат тој проблем каде нивните апликации неможат да се користат преку wifi, така што во случај да си на роаминг е прилично скапо …. доколку не си ја решат таа политика конкурентност неможе ни да постои …

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии