Ричард Сталман, основачот на Фондацијата за Слободен Софтвер, креатор на GNU и активист, влезе во Интернет куќата на славните. На г. Сталман, му се придружија Аарон Швартз, Џими Велш (Wikipedia) и Џон Пери Барлоу (EFF).

Ричард Сталман е познат по својот поглед за слободата на корисниците и секогаш се противел на пресметките базирани во облакот, а неговиот страв се покажа точен, откако на виделина излезе дека NSA и FBI ги следат комуникациите на друштвените мрежи и дел од останатите популарни Интернет сервиси.

„Сега откако го направивме Интернетот да функционира, следниот чекор е да ги сопреме програмите за масовен надзор, и да ги направиме да работат така што ќе ги почитуваат човековите права, вклучувајќи ја и приватноста“, изјави РМС.

[youtube]yPAnCOO5R9o[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии