Ричард Сталман: Ubuntu ве шпионира!

Ричард Сталман, основач на Фондацијата Слободен Софтвер, автор на лиценцата за слободен софтвер GNU и еден од најпознатите активисти за слободен софтвер, остро ја критикуваше најпопуларната Linux дистрибуција – Ubuntu.

Тоа што го тврди г. Сталман е дека дистрибуцијата од Canonical ги шпионира корисниците и нивните податоци ги испраќа на Amazon. Во најновата верзија на Ubuntu корисниците кога пребаруваат во Unity, на дното од страницата добиваат предлози од Amazon, што, според г. Сталман, значи дека Canonical ги споделува информациите со Amazon, а тие врз база на тоа ги прикажуваат резултатите.

Од друга страна, Canonical ги отфрли сите тврдења од страна на РМС и дека корисниците може слободно да ги исклучат прикажувањата на огласи. Но, според г. Сталман, голем проблем претставува и самиот факт дека таа можност е достапна и вклучена уште од инсталирањето на самата дистрибуција.

„Доколку на некого му препорачувате или дистрибуирате Linux дистрибуција, немојте да користете Ubuntu. Немојте да инсталирате Ubuntu, а наместо тоа ширете за нивнта шпионажа“, вели г. Сталман на крајот од својот блог пост.

Фондацијата за слободен софтвер го смета слободниот софтвер како општествено движење и очекувано е да застане против овие акции. Меѓувреме, интересна дискусија се разви на Linux Slashdot форумот, каде што, исто така, може да се прочита повеќе за овој проблем.

7 коментари на “Ричард Сталман: Ubuntu ве шпионира!

  1. Како редовен корисник на Гну/Линукс дистрибуции, мислам дека Сталман малце претерува. Точно е дека се контроверзни рекламите, но тие се само опција. Исто така колку што сум информиран, рекламите се филтрирани и прикажувани според релевантност од сервери на Canonical, што би требало да значи дека информациите не доаѓаат до Амазон. На крај краева, и да не е така, сепак постои опција за целосно оневозможување на оваа функционалност.
    Претерано е да се води Гну/Линукс дискусијата на олку политичко, да не речам, религиозно ниво. Живееме во модерен свет каде што информациите вредат злато и нормално е компаниите да се стремат да ги искористат, особено во вакви случаи каде што нема никаква штета (освен можеби по џебот доколку релевантноста на производите кои ги покажуваат амазон се навистина точни за корисниците, што и не е така лошо).

  2. Hm, ne znam dali pod najnova verzija misli na 12.10 bidejki jas imam 12.04 LTS i nisto nikogas ne mi se pojavuva kako reklama, osven vo sklop na internet browser-ot ama toa e od nego, ne od ubuntu.
    Nisto nikogas ne sum isklucuval vo opciite, se e kako instalirano po default. I nema nikakvi reklami.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии