Ричард Сталман: Steam е добар за GNU/Linux

Ричард Метју Сталман, основачот на движењето на слободен софтвер и борец за слобода на корисниците, даде свое мислење за доаѓањето на Steam на GNU/Linux дистрибуциите. Покрај тоа што Steam ќе го популаризира GNU/Linux, г. Сталман вели и дека Steam ќе им даде слобода на корисниците.

„Претпоставувам дека достапноста на популарните неслободни програми на GNU/Linux може да ја зголемат примената на овој систем. Како и да е, нашата цел оди подалеку од правењето на овој систем да биде успешен – негова цел е да им даде слобода на корисниците. Според тоа, прашањето е како овој развој ќе влијае на корисничката слобода.“

Нема сомнение зошто г. Сталман е критички настроен спрема неслободниот софтвер, без разлика дали се работи за оперативен систем како Windows или игри.

„Неслободните игри (како и останатиот неслободен софтвер) се неетички бидејќи не му дозволуваат слобода на корисникот. (За игрите е различно, бидејќи тие не се софтвер)“, вели г. Сталман.

Но, сепак тој има една забелешка. „Доколку ги играте овие игри, подобро да ги играте на GNU/Linux, отколку на Windows. Ако не друго, барем ја избегнувате штетата врз вашата слобода што ќе ја предизвика Windows.“

4 коментари на “Ричард Сталман: Steam е добар за GNU/Linux

  1. Сигурно сега Linux ќе биде попопуларен бидејќи многу корисници не го користеа дека нема добри игри за Linux како L4D2, CS, COD… Со Steam сега му е тоа возможно.

  2. Борис, Сталман никаде не вели дека Steam е добар за GNU/Linux, туку претпоставува дека ефектите од Steam би биле повеќе позитивни отколку негативни.

    Thus, in direct practical terms, this development can do both harm and good. It might encourage GNU/Linux users to install these games, and it might encourage users of the games to replace Windows with GNU/Linux. My guess is that the direct good effect will be bigger than the direct harm. But there is also an indirect effect: what does the use of these games teach people in our community?

    Any GNU/Linux distro that comes with software to offer these games will teach users that the point is not freedom. Nonfree software in GNU/Linux distros already works against the goal of freedom. Adding these games to a distro would augment that effect.

    If you want to promote freedom, please take care not to talk about the availability of these games on GNU/Linux as support for our cause. Instead you could tell people about the Liberated Pixel Cup free game contest, the Free Game Dev Forum, and the LibrePlanet Gaming Collective's free gaming night.

    Мислам дека насловот е збунувачки и пренесува погрешна порака.

    1. Гоце, фала на коментарот. Во право си, можеби малку е и збонувачки насловот со оглед на тоа и дека сум испуштил да ја пренесам последната порака од неговиот текст. Поздрав и уште еднаш благодарам на забелешката :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии