(Oва е гостински текст на Виктор Стојановски)

Кој е Ричард М. Сталман?

Ричард М. Сталман е основоположник на движењето за слободен софтвер и проектот GNU. Кариерата ја започнува на познатиот технолошки универзитет во Масачусетс (MIT), во лабораторијата за вештачка интелегенција. Во времето кога воопшто не ни постоела софтверска индустрија, неговите програми биле нашироко употребувани ширум универзитетите во САД, а поради неговата вештина и способност се здобива со голема почит кај колегите.

Пред налетот на се поригорозниот режим на авторски права, кој почнал да ја нагризува заедницата на програмери на која тој и припаѓал, го формулира концептот на Copyleft (игра на зборови – Copyright свртен наопаку).
Принципот на Copyleft е кодифициран во GNU општата јавна лиценца (GNU GPL), која иако се базира на законот за авторски права, целосно ги отфрла неговите рестриктивни мерки. GNU GPL Ви гарантира дека еден софтвер е слободен за било какво користење, слободен да го проучувате и менувате според Вашите потреби, слободен за споделување со Вашите пријатели/соседи и слободен да дистрибуирате променети верзии. Овој концепт брзо го прифаќа широка заедница на луѓе која му се приклучува во проектот GNU чија цел е потполно слободен оперативен систем.
Принципот на Copyleft, своевиден hack на системот за авторски права, се смета за најголемо достигнување на Сталман, поголемо од сите негови програмерски успеси. Денес тој принцип се повеќе се употребува и надвор од програмерските кругови за музички, филмски, пишани и други креативни дела.

Што е тема на предaвањето?

Авторските права се зачнати во ерата на печатарската машина, и биле дизајнирани да одговараат на системот на централизирано копирање наметнато од самата технологија на печатење. Но режимот на авторски права воопшто не одговара со компјутерските мрежи, и само драконски казни можат да го спроведат. Глобалните корпорации кои профитираат од авторските права лобираат за драконски казни, и за зголемување на нивната моќ и потиснување на јавниот пристап до технологијата. Но ако сериозно сакаме да ја почитуваме единствената легитимна цел на авторските права, а тоа е да се промовира напредокот, тогаш за доброто на јавноста мораме да направиме промени во спротивната насока.

Се крена голема прашина кај заедницата на слободен софтвер од Македонија за неговото доаѓање. Сите се возбудени, ќе се сретнат со херојот со кој досега комуницирале единствено преку мејл, чат или ги гледале неговите предавања и говори на интернет.

На мејлинг листата и на социјалните мрежи побарав од членовите на пошироката заедница да одговорат на неколку прашања поврзани со доаѓањето на RMS. Ги запрашав дали им е прв пат во живо да слушаат предавање од RMS, дали имале прилика досега и лично да се запознаат и зошто доаѓањето на Сталман е важно за нив како хакери и поддржувачи на слободен софтвер. Во продолжение ги имате одговорите.

“Да, прв пат го гледам RMS и лично за мене не е важно. Повеќе го гледам како шанса за поголемо фрлање светло на движењето за слободен софтвер кое и во Македонија има направено убави и големи работи.” вели Новица Наков.

“Доаѓањето на RMS ми е важно поради тоа што имам изградено култ кон авторитетна, интелигентна и разумна личност која влијаат врз моето професионално и техно-философско созревање. Поради тоа што големината на човекот не е само во создавањето на движењето за слободен софтвер и GNU како оперативен систем, туку фактот што тој ни покажа како да бидеме солидарни и во деловите од животот што опфаќаат користење и креирање на технологија. Ретко кој ја сфаќа важноста на РМС и неговото доаѓање во МКД.” вели Александар Д. Балаловски.

“Јас веќе два пати сум го гледал Сталман во живо – но не сум го *запознал* :) Мислам дека пораката што ја остава е прилично значајна за луѓето тука. Посебно што тоа се, можеби и контроверзни, теми за кои обичниот граѓанин има наметнати едни сфаќања, а природно му доаѓаат други – а привидно, неважни во секојдневието. Сталман поминал долго време на анализа на системот на Copyright и има посебно чиста идеја за тоа каде грешиме и каде може тоа да не доведе.” вели Дамјан Георгиевски.

За крај можам да Ви препорачам неколку корисни линкови
– филмот кој мора да го изгледате „Revolution OS
– значењето на зборот „хакер” за да нема забуни :)

Се гледаме на 3-ти јуни, следете нe на официјалното URL за настанот.

2 коментари на “Ричард Сталман на 3-ти јуни во Скопје

  1. Да ли сте чули Вувузела у Светском купу Јужној Африци? Бог, ти занати из Кине стварно чини ми луди. Након гледања поклапају са онима страшна звучи још увек вибрира у мојој еарс.Фанс купили Вувузела из онлине продавница на велико у Кини. Они су веома јефтини и можете их добити врло брзо након ордеринг.Тхесе јефтини заната је штанд месс.Иоу знам, ја купио један од онлине продавница заната, као сувенир.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии