Ричард Брансон инвестира во Hyperloop One

Брзиот транспортен систем кој произлезе од Илон Маск,  Hyperloop One, има нов инвеститор. Станува збор за основачот на Virgin, Ричард Брансон кој купи дел од компанијата. Засега е непознато колкав удел има г. Брансон,  но висината на инвестицијата е 85 милиони долари.

Ако судиме по најавата на Virgin, Hyperloop One во Британија ќе овозможи патување од Лондон до Единбург за 50 минути. Сега ова патување е околу 6 пати подолгo, и трае 4 часа и 50 минути.

Hyperloop One е транспортно решение кое засега е во фаза на развој. Патниците во капсула се возат и превeзуваат во рекордно кус период. „Капсулата“ се сместува во цевка со специфични услови, за намалување на триењето, капсулата левитира на своите лежишта. За левитација се користи истиот водух кој ја придвижува капсулата нанапред. Во најголем дел од патувањето не се користат линеарни магнети мотори иако во дел од патот, движењето настанува благодарение на овие мотори.

Засега технологијата е во тест фаза и сè уште тестовите се во делот на забрзување, додека се користат линеарните мотори. Ова е само прв дел од транспортот, но за движењето во вакум се чини дека сè уште e рано. Теоретски овие возила би можеле да се движат со брзини до 1.046 km/h.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии