#Револуција: Ford е 11-тиот автомобилски гигант кој тестира автономни возила

Ford e единаесетата компанија која ќе започне тестови на своите автономни автомобили на патиштата во Калифорнија. Компанијата очекува роботските автомобили да возат по патишата за пет години од сега, иако првите автономни автомобили на Ford ќе се појават уште во 2016 година. Компанијата веќе поднесе барање за тестови, но програмата за тестирање на автономни возила во Калифорнија овозможува дозволи штом ќе бидат исполнети условите, јави Verge.

Ford, како и Google, има база за развој на автономни автомобили во Пало Алто. Калифорнија е една од омилените дестинации, ако не и најомилена на производителите на автомобили – една од причините е олеснетото добивање на дозволи. Но, без сомневање и присуството на останатите технички компании во Калифорнија е дополнителен мотив. BMW, Honda, Mercedes, Nissan, Tesla и Volkswagen веќе тестираат во Калифорнија, а има најави дека и Apple сериозно се вклучува во трка за производство на автономни автомобили.

1 коментар на “#Револуција: Ford е 11-тиот автомобилски гигант кој тестира автономни возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии