Со Revolut праќај и примај пари од било каде во светот, и во Македонија

(Ова е гостински пост на Иван Ивановски, од Venikom Mobile и основач на македонскиот стартап Lynx.press)

Revolut е револуционерен продукт кој почна да станува се попопуларен во Македонија. Според самиот провајдер има повеќе од 5.000 корисници од Македонија кои можат да праќаат и трошат пари. Но, што е толку револуционерно тука? Revolut не наплаќа никаква провизија, а праќањето на пари од едно на друго лице е инстантно. Плус, курсот за трансфер од една валута во друга е подобар од било која банка.
Парите се праќаат преку SMS порака, Facebok messenger или бил кој друг сервис за комуникација.

Како работи Revolut? Сѐ што треба е да имате паметен телефон (Android или iPhone). Симнете ја апликацијата од Google Play или AppStore и веднаш ќе добиете профил и виртуелна картичка. Со само неколку клика може да ја нарачате картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.

Колку чини креирање на акаунт и добивање на картичката по пошта? Бесплатно е и побезбедно од било што друго! Ова за мене представува најдобриот сервис за трансфер на пари, иако постојат и слични сервиси што ги земеме за споредба (Neteller, Payoneer, Xoom, Skrill, TransferWise, WesternUnion, MoneyGram, Paypal, Bank Transfer)

8 коментари на “Со Revolut праќај и примај пари од било каде во светот, и во Македонија

  1. Се е ова супер но има еден голем проблем. Најголемиот freelance сајт (upWork) го нема овој сервис за да можеш да си ги префрлаш парите.

  2. Одлична новост Иван, фала ти за споделување на информацијава.
    Сепак следствено се појавува еден проблем. Според закон, освен во случај доколку исполнуваме одредени услови, ние, како граѓани на РМ, не смееме да имаме и да користиме странски сметки. При тоа многу корисници или лица заинтересирани за слични сервиси, како Payoneer (кој би бил најблизок пример бидејќи исто и тие праќаат дебитна картичка на домашна адреса и единствено неа можеме да ја користиме), по закон се оневозможени да ги користат овие начини на плаќање и примање на пари (технички можат да ја користат картичката, но тоа не би било по закон). Доколку имаш одредени сознанија, искуства или информации поврзани со ова ќе те замолам да ги споделиш со нас :) Дали Revolut би се категоризирало како странска сметка или не… дали смееме да го користиме во РМ?

    Благодарам,
    Поздрав

    1. Здраво. Го цитирам дечкото кој што прашува за дали е дозволено да го користиш овај сервис. Епа доколку не ми веруваш може и нивниот супорт да ги прашаш. Ти фактички кога креираш акаунт на Пејпал, Пејонир, Револут, Скрил и сите тие такви сервиси не отвораш ТВОЈА сметка туку отвораш акаунт на нивниот сервис а тие ти даваат виртуелна сметка или т.е тие ти дозволуваат да го користиш нивниот сервис и ти задржуваат пари за користење на нивниот сервис т.е провизија и слично. Значи ти немаш никаква сметка туку ти си креираш виртуелен акаунт користејќиго нивниот сервис. Поздрав до сите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии