Револт на Reddit: Сервисот не им припаѓа на сопствениците, туку на корисниците

Дејан Соколоски

во Веб

Reddit повторно протестира, но овојпат гневот на корисниците е насочен кој популарната платформа. Повеќе модератори затворија околу 50-тина подфоруми, односно subreddits, во знак на поддршка на модераторот Викторија Тејлор која доби неочекуван отказ. Г-ѓа. Тејлор својата популарност на Reddit ја должи на модерирање на Reddit AMA – стории кои им овозможуваат на сите корисници да им постават најразлични прашања на познати и јавни личности.

Со оглед на тоа дека дел од затворените подфоруми беа популарни, меѓу нив r/videos и r/gaming, нивното затворање доведе значително намалување на бројот на посети на „првата страна на Интернет“. Незадоволството кај корисниците започна да расте откако Reddit воведе построги правила за користење, а дел од корисниците веднаш ги прогласија за цензура. По краткиот ефективен протест дел од подфорумите повторно се отворени.

Се чини дека основачите на Reddit не беа подготвени за оваа реакција, па наскоро излегоа со соопштение кое дојде од врвот, од ко-основачот Алексис Оханиан. „Најпрво, многу ми е жал за начинот на кој се справивме со промените во AMA тимот утринава. Преземам потполна одговорност за ова. Требаше да објавиме на r/DefaulthMods за транзицијата и да контактираме со модераторите кои ќе бидат засегнати од промените, за промените во најавените AMA и овие комуникации сега ќе одат преку [email protected] додека не пронајдеме соодветна замена“, вели г. Оханиан.

Reddit очигледно на кратко помисли дека како и секоја останата приватна компанија, врвот може да одлучува за сите промени кои се однесуваат на вработените, но за разлика од останатите компании најголем дел од Reddit е во рацете на моераторите и на корисниците кои се одговорни за содржината на сајтот, и со тоа за неговата популарност. Не требаше премногу време за Reddit да го дочека одговорот од заедницата, на Change.org започна петиција со која се бара отпуштање на директорката на Reddit, Елен К. Пао. Петицијата веќе ја поддржаа околу 140.000 корисници.

„Со влегувањето на Елен Пао во Reddit започна ново доба на цензура. Најголем дел од Reddit заедницата верува дека Пао е манипулатор кој ќе ги тужи сите за да стигне доврвот, таа ги надмина своите граници и се плашиме дека ќе го уништи Reddit. Веќе се појавуваат сајтови налик на REddit кои започнаа да добиваат повеќе корисници изминативе неколку месеци“, вели петицијата на Change.org.

Интересно измените во Reddit AMA доаѓаат брзо по најавата за видео содржини и објавата дека AMA ќе биде помеѓу првите форуми на кој ќе се тестираат истите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии