Рециклирам.мк – Заеднички проект на Мој Воздух и Пакомак

Рециклирам.мк е нов, заеднички проект на МојВоздух и Пакомак. Станува збор за едноставна и прилично корисна алатка која ќе им помогне на сите.

Користењето на сервисот е едноставно, а сервисот е главно информативен. Покрај повеќе информации за придобивките од рециклирањето, може да дознаете повеќе и за симболите на амбалажата кои не секогаш значат она што ние мислиме.

Сепак за нас најинтересен е веројатно начинот на кој може да се ослободиме од електронскиот отпад. Од податоците на Рециклирај дознавме дека на располагање ни се 2 начини:

  • Да го однесеме во продавница каде што се продава електронска опрема. Тие се должни да го преземат, без разлика дали е купен од таму.
  • Или да се јавиме во Нула Отпад (070-236-000) за да го подигнат од нашиот дом

Сепак веројатно најважниот и најкорисниот дел од Рециклирај е мапата на локации каде се наоѓаат контејнерите за различен вид на отпад: пластика/метал, стакло и хартија/композит.

Рециклирањето е исклучително важно за околината. Производите и материјалите кои не се рециклираат или не се трајни вообичаено завршуваат во инсинератор. Со ова секако се загадува воздухот, а овој проблем го имаме доволно.

1 коментар на “Рециклирам.мк – Заеднички проект на Мој Воздух и Пакомак

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии