Рецензија Razer Blade 15 Advanced RTX (2019)

Овој текст првично е објавен на форумот на ИТ.мк од Сашо Михаилов со псевдоним „vlavot“. Ако имате прашање, сугестија или пофалба може да ги упатите и директно на блогот.


Потрагата по нов тенок gaming лаптоп покрај останатите брендови, search engine-от ми уфрлуваше константно еден бренд, Razer. Првата мисла која ми дефокусира внимание беше, како да се набави уредот кај нас, се распрашав на неколку места но феедбекот беше сумирано негативен, образложение цената на моделот, и ако се набави требаше да се плати 30-40% повисока цена за споредба.

Истражувајќи и анализирајќи ги понудите за тенки лаптопи на нашиот пазар ме натера да најдам начин ова парче остро сечило да го набавам.

Па драги форумџии и читатели ви го претставувам Razer Blade Advanced RTX 2060 144Hz (2019) модел.

Овој модел конкретно RZ09-02886 доаѓа со спецификација

  • Razer Blade 15 – Advanced Model
  • Windows® 10 Home (64-bit)
  • 8th Gen Intel® Core™ i7-8750H 6 Core (2.2GHz/4.1GHz)
  • NVIDIA® GeForce RTX™ 2060 (6GB GDDR6 VRAM)
  • 15.6″ Full HD 144Hz, 100% sRGB, 4.9mm bezel, factory calibrated
  • 512GB SSD (NVMe)
  • 16GB Dual-Channel (8GB x 2) DDR4 2667MHz
  • Up to 6 hours (80Wh)
  • Per-key RGB powered by Razer Chroma™
  • USB 3.1 Gen 1 (USB-A) x3, Thunderbolt™ 3, USB-C
  • Intel® Wireless-AC 9560 (802.11a/b/g/n/ac), Bluetooth® 5
  • Windows® Hello built-in IR HD webcam (1MP / 720P)
  • Black with backlit green logo and green USB ports
  • 0.70″ x 9.25″ x 13.98″ / 17.8mm x 235mm x 355mm 4.63 lbs / 2.10 kg

Битно е да специфицирам дека овој модел е со FULL RTX 2060 а не max Q дизајнот. Иако е ундерклокната RTX 2060 сепак е фулл.

Лаптопот е купен од Германија, најблиската држава која нудеше услови и можности за набавување на ваков продукт.

Отворајќи ја магнетизираната тенка кутија го презентира тројното змиско лого на Razer кое, гледајќи го на видеа илуминирано не ми се допаѓаше неговиот дизајн и изглед, но искусувајќи го во живо ми го промени мислењето. Сакав D-brand скин да залепам да го скријам но моментално пишувајќи го ова и гледајќи ја рефлексијата на логото на прозорецот, всушност изгледа доста кул.

Ова особено е изразено ако претходно сте гледале Acer Predator Helios 300 стариот 2018 а и новиот 2019 модел.

Razer Blade е еден од ретките лаптопи со директна конкуренција на ЕПЛ macbook air или pro во изработка , еден од ретките уреди со тело изградено од еден алуминиумски блок, и те како се познава.

Екранот е нешто што вистински воодушевува заедно со неговиот bezel less дизајн и 144Hz екран со sRGB 95-97% калибрација на бои, знам дека не е ОЛЕД но, користејќи голем дел од времето секојдневно лаптоп до 500 еур ценовен ранг, ова отскокнува, отскокнува со вистински димензии. Брзина, респонзивност, приказ на бои, самото гледање на видеа отстапува од секојдневието. Имајте во обзир дека секојдневно седам на Sony KD-55X8505B поврзан со домашен пц со мало куќиште компактно но релативно моќно. Над екранот во тенката рамка лежат камерата и windows hello биометрискиот зензор, кој изненадно работи ултра брзо и доста прецизно. И логирањето е безболно.

Тастатурата со Razer chroma засебно осветлување на секое копче, е за мене употреблива со очекувано како на лаптоп key travel, тивки копчиања, удобни, без флексија, или ако има е неспоредливо со останатите лаптопи кои сум ги користел до сега. Илуминирањето на сите копчиња е со доста опции во Razer Synapse software, интересни изведби од типот на starlight, wave, wheel итн. Исто и секое копче можете да го мапирате засебно со време траење, боја ако сте иновативни и имате време можете да направите нешто вакво.

Да напомена дека мојот модел бидејќи купен од Германија доаѓа со German layout на тастатурата, кој на прв поглед можеби изгледа проблем, но е лесно за навикувањето особено бидејќи иако маркиран со нивните букви со умлаут, македонската поддршка си одговара одлично.

Тачпедот е директна конкуренција на ЕПЛ-овиот, можеби и единствен тачпед на windows лаптоп кој е со големи димензии, и функционира дискутабилно добро и прецизно како оној од macbook air/pro. Направен од стакло, користи precision drivers на windows.

Отсуството на лан портот е оправдано со тенката изведба и Thunderbolt™ 3 портот кој може да се користи за се, по ваш избор. Поседува 2 УСБ портовите од левата страна 3.1 можеби тешко достапни поради charging cable адаптерот кој е поставен под 90 степени паралелно со телото на лаптот, иако е two fold симетричен конектор и може да се стави обратно, и еден од десната страна.

Доаѓа со 200w полнач кој изнедувачки не е топол дури и при гејмање со часови. Самиот брејдет кабел и коцката даваат чувство на убава изработка со убави матерјали. Убави на допир :)

Доаѓам до темата за перформанси и можности на овој уред. Овде сум… вака, ставајќи i7 8750h во 13mm алуминиумско куќиште нерачунајќи го екренот, логично е да има реперкусии. И ги има, моќни компоненти во било каков лаптоп, а особено во тенок се замена за грејна зимска сезона. :) i7 8 мата генерација во овој или во било кој друг лаптоп не држи константен турбо клок од 4.1 Ghz како што е предвидено за таквиот процесор. Всушност не држи константен турбо клок од 3.6Ghz. Tермалните граници не се ни проблем. Проблемот е кај повеќето power limit ако се прави бруут форс таск, или конкретно стрес тест на CPU.
Всушност овој примерок можеби и е еден од подобрите.

Единствен начин да се постигне повисок клок без термално страдање и power limit е undervolting на CPU. Овој примерок држи стабилно undervolt од -160mv CPU core voltage, и CPU cache voltage, и undervoltage na GPU od -60mv. Со core multiplier ставен на 36. Ова значително ја менува ситуацијата. Без ваквиот андерволт во ГЕЈМИНГ модот (гејминг мод е опциjа во софтверот од Рејзер, Razer Synapse кој ги отклучува сите 45w на процесорот споредба со 35w лимит во balance модот) во игри конкретно Wolfenstein Young Blood сетинзи на ултра full HD температурите на процесорот рипаат до 90 степени. Што го прави жежок како згодна плавуша на грчна плажа во Август на допир. Ваквиот ундерволт го смирува раздивеното животно во него и ги доведува при гејминг со отклучен 45w процесор температурите до лесно опипливи 70-80 степени и 75 степени на GPU. Софтверот кој го користам за undervolting е ThrottleStop и работи фанстастично.
Тестиран на Cinebench R15 и извади скор од 1160.

Гејминг искуството, она за што е створен, е шокантно добро.

Wolfenstein Young Blood ultra сетинзи држи константни FPS od 130+ фрејма
Geras 5 ултра сетинзи 110+ фрејмаMetro Exodus dx12 ултра сетинзи 100+ фрејма (без Ray Tracing)
Високиот фрејмрејт со 144hz екран ги прави игрите вистинско задоволство.
Сетапот нема да биде совршен ако на ваков уред не се додаде најдобрата периферија со најдобриот безжичен сензор. Logitech G903 и најдобриот избор за безжични noise cancelling слушалки Sony WH-1000XM3.

Заклучок: Oсвен (ако не ундерволтувате) термалните проблеми, не можам да најдам ниту една замерка на овој лаптоп, кој не е достапен кај нас, да секако и цената. Рејзер заедно и со останатите произведители не мора да вметнуваат i7 процесори, чисто да ги има на спецификација бидејќи реално не може да се искористи целиот потенцијал на истиот. Би можеле да поминат со i5 8-9 та генерацицја, но тој ценовен ранг мора да го оправдаат некако претпоставувам. Пред да се одлучам за истиов ги гледав, како што пишав Acer Predator Helios 300, MSI G65S, Asus ROG Zephyrus, никој од нив го немаше тоа што го барам. Acer от вришти со дебелина, пластика, вентови на сите страни, MSI можеби и беше единствена сериозна конкуренција и достапен во Македонија но разгледувајќи го во живо изработката не беше на ниво на Рејзер, АСУС от конкретно Zephyrus најверојатно и еден од потенките лаптопи со најдобро ладење, поставеноста на тастатурата е нешто што не можам да го надминам.

Blade е можеби и единствен лаптоп кој изгледа секојдневно и може да се користи на состаноци на работи и да делува како ништо вообичаено а внатре крие скротен kaiju