Рецензија низ слики – Guild Wars 2: A Bug in the System

Порталите на озлогласениот Џоко се отвораат насекаде низ Тириа, а Тајми мисли дека изворот се наоѓа во Sandswept Isles, нова мапа низ која се протега дво-часовна приказна, нов mastery и еден куп активности и достигнувања. ArenaNet го има достигнато врвот во раскажување приказни и A Bug in the System се поставува како ништо повеќе од ремек дело, со неочекувани пресврти, феноменална глума и напната музичка подлога. Особено бевме импресионирани од неколкуте ситуации каде се бараше креативно размислување, а не само сирова примена на сила.

По големина, Sandswept Isles е слична со мапата од првата епизода и можете цела да ја истражите за пет минути. Тоа не значи дека нема што да правите тука. Покрај главната приказна, се кријат споредни мисии на секое ќоше и во секое време.

Прво нешто што би ви препорачале е да соберете доволно од новата валута за да ги купите трите нивоа на Karmic Retribution. Ова ви дозволува да собирате поголема количина карма од битките низ мапата. Надградбата е скапа, но се исплати, особено доколку планирате да се задржите повеќе во Sandswept Isles. Најверојатно забележавте дека продавачот е невидлив. Да, такви работи се случуваат на новата мапа, почесто отколку што би сакале.

Доколку не сте фан на архитектурата на Азура, шансите се дека Sandswept Isles нема да ви се допадне. Како и со приказната, така и во новата мапа, фокусот е на малите арогантни „нешта“ и последиците од нивната егоистична генијалност.

Многумина од настаните се групни и едноставно морате да скокате од група до група доколку сакате да направите нешто надвор од кратката приказна. Добра работа е тоа што мапата врие од командири кои се повеќе од спремни да ве примат во нивната група и да ве прифатат како еден од нив.

За се што ќе направите во Sandswept Isles добивате корисни награди во форма на валути, опрема и оружја. Паралелно со ова, можете да работите на отклучување бројни достигнувања. Таквото нешто вродува многу поголеми и поекслузивни награди. Традиционално како и со претходните мапи, на располагање имате и рециклирачки цели, како би имале на што да се навраќате секој ден.

A Bug in the System ќе ве казни доколку се правите фраер и пробате да направите нешто сами. Пет секунди се многу за таквото нешто.

Bounty мисиите и понатаму се најпредизвикувачката форма за заедничко pve сакатење. За жал, неколкуте нови босови немаат импресивни тактики и работите повеќе се сведуваат на временска толеранција отколку тактички планирања.

Новиот mastery е искличително корисен, не само за новата мапа, туку и низ целата Тириа. Bond of Life ви дозволува привремено да го споделите вашето здравје со животното кое го јавате за да бидете поиздржливи.

Со активираниот Bond of Life, непријателите потешко можат да ве бутнат од животното кое го јавате, со што ви се зголемуваат шансите за избегнување несакани битки.

Новото легендарно оружје се вика Claw of the Khan-Ur и е повеќе од импресивно, со специјални ефекти од кои пријателите ќе позеленат од љубомора. За жал, за да успеете да го направите ќе ви биде потребно многу злато, непроспиени ноќи и целосно изолирање од светот. Не се шегуваме, нам ни обично требаат три-до-четири месеци да направиме легендарно оружје, но има ситуации каде и половина година е малку.

Новите изгледи на животните за јавање се преубави. За да можете да ги отклучите, меѓутоа, потребно е да платите 1600 gems, или 20 долари. Добрата страна е тоа што, доколку имате злато, можете да го конвертирате во gems и да избегнете посегнување по паричникот.

A Bug in the System е феноменална епизода, со мапа која пука од разноликост и бројни активности. Приказната можеби ќе ја завршите за еден ден, но Sandswept Isles знае како да се вдоми во вашата потсвест и да го бара вашето навраќање и преигрување со некој друг лик. Сите оние кои ќе се логираат во играта пред излегување на третата епизода од четвртата сезона, бесплатно ја отклучуваат A Bug in the System. Поради бројните механики, меѓутоа, епизодата не може да се игра без да ја купите експанзијата Path of Fire.

Што заборавивме да кажеме? Потсетете не во коментарите, форумот или преку социјалните мрежи! А, доколку имате некој интересен скриншот, дефинитивно споделете го со нас!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии