Рецензија: Neversong е игра која преповеда за тагата, срамот и загубата на невиноста

Neversong има интересна историја која се развлекува низ цела деценија. Првично беше осмислена flash играта Coma. Потоа, девелоперите Atmos Games и Serenity Forge започнаа Kickstarter проект насловен како Once Upon a Coma. Проектот се покажа како релативно успешен, но креативната визија на девелоперите зазема малку поразлична димензија. Поради тоа, решија да ги засукаат ракавите, да ја раздлабочат приказната и да осмислат дополнителни или целосно нови механики кои влечат одредена инспирација од игри како Undertale, Inside, па дури и Hollow Knight.

Во сржтта на Neversong се крие трогателна авантура за загуба, тага, и срам, автентично патување во мистериозен свет со ликови кои нема да можете лесно да ги заборавите. Ова се должи не само на уникатен дизајн на луѓето и суштествата, туку и да талентираните актерски способности кои даваат посебна длабочина на имерзивноста.

Играте со 12 годишниот Пит кој откако ќе се разбуди од кома, нема да може да ја најде неговата девојка. Потрагата по неа го води менталната институција Blackfork каде детето мора да се соочи не само со агресивните суштества, туку и вистината за неговото минато.

Шестте нивоа низ кои решавате загатки или се спротиставувате со непријателите се долги и впечатливо илустрирани. Ова, во комбинација со суптилните анимации и феноменална звучна и музичка подлога, остава впечаток на квалитет продукт кој како да произлегол од креативните умови на Nил Гејман и Тим Бртон. Често ќе се чувствувате како да сте судрени во две целосно различни димензии и принудени да тонете низ вознемирувачки хибрид на бајка и кошмар.

Кога не ја откривата мистеријата зад исчезнатата девојка и вашето вознемирувачко минато, се борите со вашата бејзбол палка која, подоцна, можете да ја надградите со клинци за да стане подеструктивна. Механиката за борба е крајно едноставна и се заснова на притискање само едно копче. Ова е делот каде Neversong потсетува на Hallow Knight, особено во движењата кои ги прави при удирање. Покрај стандардни непријатели, се соочувате и со босови. Таквите пресметки воопшто не се едноставни и предизвикот го темелат на комбинација од борење, но и избегнување, скокање и користење уникатни предмети.

Neversong e дефинитивно игра за мала, специфична публика, група гејмери кои не сакаат да бидат држани за рака туку бараат загатки кои ќе ги извадат од нивната зона на комфот и навистина ќе ги замислат. Но, Neversong е и игра за оние гејмери кои истовремено сакаат целосно да бидат потопени во еден меланхоличен свет, да бидат безобразно задевани со лажни надежи за релаксирачка сесија, но да добиваат за возврат длабоко и вознемирувачко искуство.

Оценка
Вкупна оценка: 8,75
-Приказна: 9
Гејмплеј: 8
Графика: 8
Звук и музика: 10

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии