Рецензија на најбрзата Gigabyte GeForce GTX 1080 Founders Edition

(Доколку сакате да се вклучите во дискусијата, да прашате или споделите искуство, ве покануваме да се приклучите на форумот на IT.com.mk)


Неодамна Nvidia го претстави GeForce GTX 1080 – првиот GPU базиран на Pascal архитектура, која има двојно поголем капацитет за виртуелната реалност (VR), во споредба со GeForce GTX TITAN X. Pascal покажува значително зголемување на ефикасноста, мемориски пропусен опсег и ефикасност во споредба со неговиот претходник. Тој, исто така, има неверојатна графичка способност, како и технологии кои се фундаментално менување на компјутерот како платформа за игри (категорија ААА) и апликации за виртуелна реалност.

yerz73I

Практично ќе се задржиме до можностите и квалитетот на предводникот од Pascal архитектурата, GTX 1080 Founders Edition од Gigabyte, која ќе ја тестираме на широк спектар на тестови и игри со DirectX 11 и DirectX 12.

Карактеристики

  • Graphics Processing: GeForce GTX 1080;
  • Core Clock: BOOST 1733 MHz /BASE 1607 MHz;
  • Memory Clock: 10,000 MHz;
  • Process Technology: 16 nm;
  • Memory Size: 8 G;B
  • Memory Bus: 256 bit;
  • Card Bus: PCI-E 3.0 x 16;
  • Memory Type: GDDR5X;
  • DirectX: 12;
  • OpenGL: 4.5;
  • PCB Form: ATX;
  • Digital max resolution: 7680×4320@60Hz;
  • Multi-view: 4;
  • I/O: Dual-link DVI-D x1, DP1.4 x3, HDMI 2.0b x1;
  • Card size: H=42 L=266.7 W=111.1 mm;
  • Цена: 45.990 денaри.

Пакување

Black luxury дизајн е карактеристичeн кога е во прашање Gigabyte. Стилизирано пакување со минималистички дизајн и главен акцент на механичко око кои симболизира моќност. На задната страна има кратка спецификација за технологијата и можностите. По основата кутија ќе ве пречека уште една црна картонска кутија на која стои само логото. Освен графичката картичка во пакувањето не очекувајте премногу додатоци. Освен CD-то со софтвер и упатството за користење, не сретнавме ниту еден додатен кабел или адаптер.

aug7nOB

Дизајн

Во дизајн GTX 1080 не е ништо поразличен од неговиот претходник. Сив индустриски дизајн со црни детали и транспарентен дел кој открива дел од радијаторот. Со остри контури без посериозни промени од претходните модели. Вентилаторот е сместен на задниот дел кој е добро дизајниран и вклопен во графичката. Целата задна страна е обложена со метален поклопец кој е гравиран со логото и има брановидна форма. Горната страна е резервирана за 8-пинскиот приклучок за напојување каки и зелените GeForce GTX букви со позадинско осветлување.

Фронтално можете да ги забележите излезите, кои овој пат се пет на број, три DP 1.4 видео излези, еден HDMI 2.0b и целосно дигитален DVI-D излез. Во исто време може да се поврзат до 4 видео излези со максимална видео резолуција од 7680 x 4320 @ 60Hz.

Перформанси

Кога се купува премиум графичка картичка најважни се перформансите што таа ќе ги понуди отколку самиот изглед и пакување. Па затоа ќе посветиме малку повеќе време на самата технолoгија и она што го нуди самата графичка, низ тестови и мерења.

efvMNIQ

GTX 1080 користи 16-nm технологија за своите процесори кои успеваат значително да ја подобрат ефикасноста на фреквенцијата на графичкиот процесор кој е 1,7-1,8 GHz. Вистинско изненадување на ентузијастите кои сакаат да overclock-уваат. Од неофицијални извори е најавено дека може да се очекува и картичка со 2.0 GHz која ќе се лади на воздух. Исто така она што треба да се спомен е и високиот работен такт на Micron GDDR5X меморијата, со стапка до 10 GHz.

Она што е новитет е тоа дека Nvidia верува во виртуелната реалност и има поддршка за новите решенија кога е во прашање VR. Целата технологија е толку добро оптимизирана и реализирана што две GTX 1080 во SLI со гаранција ќе извадат 100 fps на 4K во било која игра или тест (ова ќе провериме подоцна).

Заедно со поддршката за DX12 во комплет можеме слободно да кажеме дека во рацете ја имаме најбрза графичка картичка во моментов.

RAJEMqc

Тестирање

Дојде време се она што досега го кажувавме како теорија, да го истестираме во пракса. Тестовите се правени на иста тест машина со исти сетинзи. На собна температура до 28°C. При тестирањето се користени драјвери NVIDIA GeForce 368,25. Тестовите од другите графички, кои се користат како споредба, се превземени од релевантни сајтови, и истите не се правени од нас.

Kонфигурација на системот за тестирање

  • CPU: Intel Core i7-4790K @ 4,5 GHz;
  • Cooler: Noctua NH-D15 (две фанови NF-A15 PWM, 140 mm, 1300 врт/мин);
  • Mainboard: Gigabyte GA-X99P-SLI;
  • RAM Memory: DDR3-2400, 2x 8GB;
  • SSD: Samsung 850 PRO 512GB;
  • Psu: Corsair HX850i, 850 W;
  • Оперативен систем: Windows 10 Pro x64.

Програми и игри врз кои се вршеше тестирањето: Heaven 4.0, 3DMark 11, DiRT Rally, Grand Theft Auto 5, Battlefield 4, Assassin’s Creed Syndicate, Far Cry Primal, Batman: Arkham Knight, DOOM, Fallout 4. Мерење температура и потрошувачка на енергија. Фреквенциите на графичката се на Stock: Јадро 1.607MHz, Boost Clock 1734MHz.

((Голема благодарност до мојот пријател Деко (CPU) кој ми ја позајми машината за потребите на ова тестирање)

1DkqWHK

otqK9jG

Температура и потрошувачка на енергија

За времето додека тестиравме постојано ја меревме температурата и таа не надмина 94°C што не е воопшто страшно за толкаво преоптоварување. Во мирување картичката држеше температура ~ 38-39°C. Интересно е да се напомене дека голема температурна разлика не забележавме при играње игри со DirectX 12 или DirectX 11. Што се однесува до потрошувачката таа се одвиваше во распон ~ 180W. Со право можеме да каже дека Gigabyte се придржуваат до запишаните спецификации.

sqAno5B

Heaven 4.0

Првиот „stress test” го направивме со Heaven 4.0 со сетинзи 4K – Extreme – 8x AA – 16x AF и резултатот е следен:

iar967R

3DMark 11

3DMark 11 тест со сетинзи Fire Strike Ultra, Fire Strike Extreme, Fire Strike. Резултат:

q4RJNTU

Резултати од игри

Графиците од игрите што се добиени се врз основа на 6 наизменични одиграни делови, наизменично со DirectX 12 и DirectX 11. Добиениот резултат е на минимален и среден FPS. Личното севкупно искуство од тестирањето е позитивно. Играњето на high сетинзи немаше никакви проблеми, лагови се почувствуваа само на прикази со многу детали и кога графичката имаше висока температура.

Минимум фрејмови во секунда:

iUe6fq4

Просечно фрејмови во секунда:

nKtDPdX

Заклучок

GeForce GTX 1080 без сомнение го зазема прво место меѓу гигантите, со 20-30% во просек побрз од GTX 980 Ti. Одлично се снајде на 4К и сите игри „ги изеде за појадок“. Во однос на претходните генерации, потрошувачката на енергија е намалена,а што се однесува до температура и бучава… би ја сместиле негде помеѓу AMD Radeon R9 Fury X иGeForce GTX 980 Ti.

GeForce GTX 1080 е картичка што секој би ја посакал, но поради високата цена не секој може да ја има. Но, доколку сте од они корисници кои сакаат максимум ефикасност во моментов и најдобри перформанси во VR, тогаш GeForce GTX 1080 е дефинитивно најдобриот избор што може да се понуди на пазарот.

(Голема благодарност до Anhoch кои ни го отстапија овој примерок за тестирање)