Со оглед на тоа што Intel Sandy Bridge е доволно долго на пазарот, слободно можеме да заклучиме дека компатабилните матични плочи се доста зрели со многу напредни опции, така да која плоча и да ја одбереме горе-доле сите се задоволителни и која и да ја одберете нема да погрешите.

Со претставувањето на Intel Z68 чипсетовите се си дојде на свое место, а Core процесорите со право го заземаат приматот како најдобри десктоп процесорска архитектура. По самиот момент на излагањето на Intel Z68 чипсетовите пред околу осум месеци сведоци сме на појавувањето на се подобри и компатабилни LGA 1155 матични плочи, но една серија се издвојува во многуте слични модели. Тоа е секако престижната ASUS-ова серија ROG производот и Maximus Extreme моделите кои редовно не ги оставаат рамнодужни вистинските љубители на hi-end хардеврот, како што не ме оставија рамнодужен ни мене. Така и овој пат Asus ни ја подготви најдобрата плоча која можете да го почастите вашиот Sandy Bridge процесор.

Ремек делото на инжинерите на Asus во облик на Maximus IV Extreme-Z, веќе четврта генерација по ред, ја продолжува традицијата со епитет најдобра плоча. Едноставен дизајн, употребени електронски компоненти со врвен квалитет, опрема, богатство од опции и имплементации со најнови можност со примена на последните технички решениа се само неколку од особините што ја краси оваа „црвено-црна убавица“ од Asus.

Бев во потрага по најдобрата плоча за мојот Sandy Bridge CPU и застанав на Maximus IV Extreme-Z моделот и тука падна одлука… немаше потреба да барам пoвеќе, оваа плоча навистина ги поседува сите особини кои во целост може да ги исполни барањата и на најпребирливите корисници и хардверски ентузјасти… Многу ми е тешко да ја опишам оваа плоча пошто некои од напредните функции што ги поседува оваа функција се надвор од условите за користење на обичниот корисник. Дометите на оваа плоча се навистина големи, со посебна оптимизација на плочата и попратната електроника потребна за тестови и оверклокинг експерименти во кои се користи течен азот (LN2).

Пакувањето на Z68 Maximus е веќе познато и, како и кај претходните модели, се крие во стандардна двојна кутија во која се наоќа посебно спакувана матичната плоча и опрема неопходна плочата да се пушти во „акција“. Во првата кутија во која Maximus IV Extreme-Z се протега во полн раскош со проѕирна страна која го плени корисникот. Монолитна црна штампана плоча со јако црвени детали и воени ROG обележја е се само не секојдневен призор. Сите што барем една се сретнале со можностите на ASUS ROG Maximus фамилијата на плочи ќе знаат дека е во прашање вонсериски избор.

Во втората кутија се наоќаат SATA кабли, SLI и CrossFire конектори, дополнителен пин за USB 2.0 конекција, конектор за мерни точки на плоча, Bluetooth картичка, многу идентификациони налепници, богато упатство како и DVD со потребните драјвери и софтверски алатки. Прилично богата и пред се корисна опрема која во целост ќе ја искористите. Паметниот избор на додатоци влијае на пониската цена, така да Maximus IV Extreme-Z со малце повеќе труд може да се најде и по цена помала од 300 евра. Можам слобоно да кажам дека цената е пристојна за оваа класа, бидејќи слични Gigabyte плоче со G1.Sniper 2 и UD7 моделите се продаваат по цена од околу 400 евра и повеќе.

Спецификации на плочата:

  • Име на моделот – Asus Maximus IV Extreme-Z
  • Format (cm) Extended ATX (30,5 x 26,9)
  • Cipset (контролерска логика) Intel Z68 / ICH10R
  • Socket Intel LGA 1156
  • Број на DIMM слотови – 4
  • Максимална количниа – RAM [GB] 32
  • Аудио чип Realtek ALC 889 8-Channel High Definition Audio (7.1)
  • LAN 2 x Intel (10/100/1000 Mbit)
  • Број на PCI слотови – N/A
  • Број на PCIe x1 слотови  – 1
  • Број на PCIe x4 слотови – 1
  • Број на PCIe x16 слотови – 4
  • Број на PCIe x16 слотови кои работат x16 – 2
  • Број на PCIe x16 слотови кои работат x8 – 4
  • Број на SATA 2.0 3Gb/s конектори – 6
  • Број на SATA 3.0 6Gb/s конектори – 4
  • Број на eSATA конектори – 2
  • Број на USB 2.0 портови – 14
  • Број на USB 3.0 портови – 10
  • Останати конектори – S/PDIF Out (coaxial&optical)
  • Гаранција [год.]  – 3
  • Цена  [€] – околу 300

Уникатни overclock предиспозиции

Процесорското подножје е опкружено со големи ладилници во облик на буквата „U“ кои користат технологија на топлотни цевки така што би изедначиле работна температура на околните електронски компоненти. Изработен од црно обоен алуминиум со црвени детали и ROG лого кое свети, Nvidia NF200 чипсет и единица за регулирање на процесорски напон. Но и покрај големината на ладилникот не е предимензиониран така да многу лесно може да се инсталира и кулер со големо разладно тело.

Кога станува збор за единицата за регулирање на напонот, Asus се одлучиле за 8-фазен дизајн со додатни 4 фази кои го регулираат напонот на графичкото јадро интегрирана во самиот процесор. Понатаму избегнато е масивно решение со употреба на помал број поквалитетни компоненти како што е MOSFET транзистори во метално куќиште и челично оклопени пригушници. Резултатот е „хирушки“ прецизно напојување дури и во многу стрeсни оверклок ситуации со безначајно мала емисија на топлина. Тоа автоматски ни прикажува и на потенциално подолг работен век со помало излагање на топлотен стрес кој е опасен за овој вид на електронски компоненти.

Многу големо внимание ми привлече NEC алуминиум-полимерски кондензатор во облик на чип кој отстранува пречки во широк опсег на фрекфенции и со тоа максимално го стабилизува напојувањето со брза корекција на напонот. Тој е од посебно значење за новата генерација на процесори кои поради зголемениот број на активни јадра и можност да ги исклучува во ситуација на неактивност и повторно уклучување во ситуација на оптеретување со тоа се менуваа „во лет“ фрекфенцијата на работниот такт. Во ваква ситуација на сцена настапува NEC кој поради големата брзина и реакција го стабилизира напонот во могу краток временски интервал испорачувајќи потребно ниво на електрична енергија и со тоа неопходна стабилност на системот.

ASUS Maximus IV Extreme-Z располага со 4 DDR3 мемориски слотови убаво идентификувани за конфигурација со двоканален режим на работа,способни да промаат максимално 32 GB работна меморија. Плочата подржува работа на мемориските модули до 2,2 GHz во оверклок режим на работа. Со текот на работата покажува голема флексибилност во работатат и толекранција на различни типови на меморија. За пофалба е тоа што при тестирањето ми работеше без проблем и на Kingston DDR3 1800 CL8 модули со фрекфенција 2133 MHz со CL11 латенција. Бев задоволен од резултатот иако нема ништо променето во работниот напон на модулите, беспрекорно работеа на 1.454 V и без задолжени за стабилна работа на меморискиот подсистем.

Под мемориските слотови се наоѓа 24-пински ATX конектор за напојување на плочата, а десно од него е сместена една според мене многу интересна секција наменета за напредно користење и екстремен оверклок (за што всушност и ја земав плочава).Покрај стандардното присуство на „Start“ и „Reset“ тастерите,големо внимание ми привлече и „Go“ микро-тастерот кој служи за моментално „оживување“ на плочата кога ќе претерате со OC сетирањата во BIOS-от.

Тука се наоѓа и групата од 4 микро прекидачи со кои се активираат PCIe комуникациските линии на секој од 4-те присутни PCIe x16 слотови што е од голема корист при конфигурирање систем со повеќе VGA картици (CrossFireX и SLI). Со ова решение значано се унапредува флексибилноста при избирање на графичка картичка со PCIe x16 слот. Морам да посетам дека плочата со помош на Nvidia NF200 PCIe мултиплексерот го зголемува број на комуникациски линии и со тоа ги надминува ограничувањата во спецификациите на Intel Z68 чипсетовите.

Има уште еден интересен дел, а тоа се мерните точки (ProbeIt) кои служат за прецизно следење на вредностите на работниот напон на поединечни подсистеми на плочата. Овозможено ни е да со помош на умиметар ги следиме стабилност и осцилации на работниот напон: меморија, јадра на процесор, интегрирана графичка, системски контролер, NF200 чипсет и т.н. Веднаш до опишаните секции се наоѓа и прекинувач со кој се олеснува работата во ситуација на екстремен оверклок сесија со користење на течен азот, и служи за да се избегне потешкотијата која е позната под терминот „cold bug“ кој се јавува на екстремно ниска температура (под 0 целзиусови). За се да биде комплетно тука е и LED системот за диагностика на инсталација на уреди во случај на гречка, со помош на хексадецимална системска порака, го предупредува корисникот на постоење грешка.

Целосна контрола за комуникација со периферијата

Како што доликува на матична плоча од овој калибар, секцијата за работа со хард-диск, оптички уреди и SSD дисковите е „наоружана“ со многу брзи SATA портови. Вкупно се на располагање 8 SATA портови за поврзување на интерни уреди и два за екстерни. За плочата се наоѓаат и 4 SATA II кои се обоени со сива боја и 4 црвени SATA 6 Gbps. Два брзи SATA порта како и 4 SATA II се под контрола на Intel Z68 чипсетот додека преостанаттите SATA 6 Gbps ги контролира Marvell 9182 чипот. Со преостанатите 2 SATA 3 Gbps кои се наоѓаат на ATX секцијата со конектори управува JMicron JMB362 контролер. За пофалба е фактот дека интерните SATA конектори се во иста права како и штампаната плоча што многу олсенува инсталација на кабли кои кај останатите плочи се поставени под агол од 90степени и со тоа доаќа до прекршување на каблите под прав агол.

Во самиот агол во секцијата за управување со дисковите можеме да забележиме и тастер „BIOS switch“ со кој се одредува редоследот на вчитување на BIOS верзијата. Всушност ASUS Maximus IV Extreme-Z дозволува на корисниците да користат различни верзии на софтвер за управување и при тоа ги користи по избор во зависност од ситуацијата и намената на работат на плочата. Па така можете да си имате една нормална верзија која ќе ви служи за секојдневна работа и една со оптимизирани оверклок сетинзи. За да не го флешувате биосот постојано овој ASUS во дозволува чување на две верзии на BIOS!

Просторот околу Intel Z68 чипсетот е исполнет со контролерска логика каде најбројни се iROG ASUS чипсетовите за управување на многу автомацки процеси како што е контрола на потрошувачката на енергија и оверклокинг механизам. Она по што ASUS Maximus IV Extreme-Z е препознатлив се многуте PCI-e x16 слотови. Оваа плоча располага со 4 PCI-e x16 контролери кои можат да работат во режим x16, x16, x16, или може да се подели во x8, x8 режим на работа. Оваа опција ни овозможува максимално искористување на технологијата на истовремена работана три Nvidia GeForce картички во таканаречениот 3-Way SLI режим. Но, може да се користат и повеќе AMD Radeon картички поради конфигурирањето на CrossFireX системот. На крај е можно и паралелно да се користат и интегрираното графичко јадро во Sandy Bridge генерацијата Core i3/i5/i7 со посебен графички адаптер, благодарение на поддршката од LucidLogix Virtu технологијата. Уште еден факт кој морама да го спомнам е дека оваа плоча е единствената од ТОП класата на која е останат VGA конекторот, а што ви овозможува да се искористи многу паметно со помош на Quick Sync Video опцијата интегрирана во Intel HD2000/3000 графичкото јадро.

Работата на волку PCIe x16 слотови на максимална ширина на магистралата и со употребата на бројните PCIe комуникациски линии е овозможено од присуство на посебен NNvidia NF200 PCIe мултиплексер контролер кој ја зголемува пропусната моќ на стандардниот број на PCIe линии за да се овозможи работа на повеќе графички картички остовремено. Нешто слично е и кај контролата за работа на HDD и SSD дисковите. Присуството на многуте PCIe x16 како и додатните SATA 6Gbps контролер брзо ги троши ресурсите на комуникациската магистрала, па така ASUS покрај веќе спомнатата Nvidia NF 200 вградил и PLX multiplekser на PCIе магистралите со што обезбедува доволно пропусна моќ за пренос на големи количини на податоци, брз USB 3.0 и SATA 3 контролер. Покрај спомнатите PCIe x16 на располагање ни се и 1 PCIe x4 и еден PCIe x1 слот.

Е сеа тука се создава еден проблем, ако воопшто можам да го кажам проблем… не треба само да се обезбеди брз проток низ кој патуваат податоците туту и енергија потребан за нивна беспрекорна работа. Големата брзина на пренесување податоци бара и поголема потрошувачка на електрична енергија, па затоа плочата поседува и два додатни MOLEX конектори за во случај користење на многу уреди (VGA, SSD i HDD) мораат да бидат уклучени на богами снажното напојување.

Додатни уреди достојни за ROG претставниците

Комуникацискиот дел од плочата не е ништо помаллку импресивен. ASUS со веќе неколку модели наназад кога се во прашање плочи од премиум сегментот со вградени оргинални Intel Gigabit LAN контролери. Овој пат се вградени 2 како што гејмерите би добиле успорување на (lag) кога се играат мрежни игри. За бежична комуникација со периферијата задолжен е Bluetooth 2.1 + EDR контролер кој кој поседува RC Bluetooth прекинувач за активирање.

Аудио секцијата е многу педантно одбрана. Во прашање е стандардна Realtek ALC889 аудио карта, 8-канален HD audio CODEC чип. Сега ќе прашате е што е тука толку педантно кога опремата е стандардна? Тоа што пред се е компатабилен со различни оперативни системи. Без разлика што некои други плочи користат некои си позвучни имиња, сепак во прашање е дигитално-аналоген декодер чипови со ограничени можности… Да не должам многу значи ако целите кон перфекција во звукот сепка ќе ви биде потребна некоја додатна звучна картична.

ASUS Maximus IV Extreme-Z е по многу нешта несекојдневна матична плоча. Голем број на функции и можност во секој момент се на располагање на корисниците. Сепак сметам дека треба да се нагласи можноста на прашањето на голем број на USB 3.0 уреди. На оваа плоча можеме да сретнеме дури и 10 активни USB 3.0 конектори (сега се надевам ви е јасно зашто се двата дополнителни контролери за зголемување PCIe комуникациски линии). Поддршка за работа на сите овие USB 3.0 конекции обезбедуваат неколкуте NEC контролери во соработка со VIA USB hub чиповите. Осум од сите овие USB приклучоци се сместени на ATX панелот, а два се предвидени да се сместат на предниот дел од куќиштетот или на додатен пин. Покрај сите овие USB 3.0 конектори на располагање се и дополнителни 9 USB 2.0 конектори!

Логиката за контрола на USB 3.0 комуникацијата е сместена во просторот помеѓу единицата за регулација на напонот на процесорот и задната ATX секција каде и е уграден и микро-тастер reset BIOS опција.
Ако ја погледнете задната страна со ATX панелот ќе сватите дека се работи за врвна плоча со куп опции и можности. Освен 8-те USB конектори кои се обоени сино, покрај нив тука се и комбинираните PS2 портови (тастатура/маус), два eSATA портови, еден класичен USB конектор кој со помош на ROG Connect тастерот се претвара во порт наменет за комуникација со оверклок софтверот. Остатокот од конекторите сочинуваат 2 LAN портови, оптички аудио излез (S/PDIF) и аналоген аудио излез во вид на мини џек 3,5мм (банана). Освен конекторите на ATX панелот се наоќаат и ClearCMOS, ROG Connect и RC Bluetooth тастери.

Совршени BIOS можности

Дојде на ред мојот омилен дел, а тоа е BIOS-от. Управувачкиот софтвер на АSUS Maximus IV Extreme-Z плочата е подобрена верзија на EFI AMI BIOS кој со корисникот комуницира по пат на графички интерфејс. Овој пат ASUS се потруди да нивото на графика биде минимален и се усмери исклучиво на визуелно потенцирање на припадоста на ROG сериалот плочи. Позадината е средена во црно-црвена комбинација со јасно назначени опции за подесување. Нема ни трага од некои нападни илустрации или анимации.

Како што веќе спомнав BIOS-от заслужува секаква пофалба. Функционално тоа е веќе познатиот ASUS EFI распоред со логична навигација која ќе ни олесни листањето до одредена опција. Системот на менито е идентичен како кај „линииските“ верзии на BIOS-от така да многу лесно ќе се навикнете на шетањето по опциите на новиот Maximus.

Богатството на оверклок опции за подесување на системот се неисцрпливи. Бидејќо се работи за Intel Sandy Bridge процесори кои се лимитирани со мали вредности на фрекфенциите BCLK магистрали, претпоставувам дека корисниците на една ваква врвна матична плоча ќе користат отклучени примероци со наставка „К“ во ознаката (Core i5 2500K, Core i7 2600K). Тогаш со мало додавање на напонот можете драматично да се забрза јадрото на процесорот. ASUS плочата максимално ќе ви асистира и за кратко време ќе го извадите максимумот од вашиот процесор и системска меморија која исто така располага со детални опции за подесување и забрзување над декларираната вредност.

Освен делот за подесување на работни параметри, вреди да се спомне и пофали системот за пратење на температури, бројот на вртежи на кулерите, напонски вредности кои тука се тематски поделени во посебни менија како би прегледноста била максимална а контролата потполна.

За пофалба е и сјајно решениот дел за чување на различни кориснички BIOS профили, потоа различни верзија на BIOS-и како и познатиот дел за флешување на BIOS-от (EZ Flash 2), што плочите на ASUS ги издвојува пред се досега видено на конкурентните модели. На поновите модели на ROG сериjалот плочи, како и на оваа плоча, постапката за инсталација на нова верзија на BIOS е прегледна, логична и лесна за чиста „десетка“. По ова прашање ASUS веќе со години е недостишен за конкуренцијата. Уште нешто ќе заборавев да спомнам, а тоа е „PrintScreen“ опцијата која ви дозволува да си направите слика од вашиот екран на BIOS-от во облик .bmp формат за полесно пренесување на оверклок искуства со други корисници.

Интересна е и опцијата флешување на BIOS-от без влегување во управувачкиот софтвер на плочата. Доволно е да уклучите USB меморија со верзијата која ви одговара во оној единствениот USB 2.0 приклучок и со притискање на ROG Connect тастерот. Ќе се активира програмче за поправање на BIOS-oт, а новата бинарна датотека ќе биде сместена во EPROM на матичната плоча. Прекрасно!

Инсталацијата на матичната плоча без оглед на бројните функции е крајно едноставна. Плочата сама ви асистира цело време со цел да одберете оптимални работни вредности кои одговараат на карактеристиките на инсталираниот хардвер. Затоа нема потреба од било каков страв бидејќи се оди по некој природен тек како цел живот да сте со матичната. Инсталацијата на оперативен систем поминува без грешка и активирањето на соодветните драјвери е олеснето со помош на DVD-то кое содржи многу корисен софтвер како што се Kaspersky антивирус, 3DMark Vantage benchmark алатки и специјално ROG издание од CPU-Z utility. При инсталацијата на оперативниот систем се течеше глатко без ниту еден проблем во некој си стандарден временски рок. Се е спремно за тестирањето на плочата!

Резултати од тестирањето

Тестирањето го правев во три различни групи*: тест на програми за видео/аудио продукција, програми за компресија и графика и 3D игри.

*останатите две матични плочи се земени само колку за споредба не се на личен тест.

  • Програми за видео/аудио продукција

HDxPRT 2011


iTunes конверзија

HD снимање

Разликите за навистина минимални… .Оваа плоча има минимална предност пред останатите две плочи кои се земени за пример кои се на Z68 чипсет.

  • Програми за компресија и графика

WinRAR 1.01 benchmark

За потребите на овој тест се земени неколку различни фајлови како по големина така и по тип (слики,видео,текст….)

Adobe Photoshop CS 5

MS Power Point 2010 конвертирање .pptx презентација во .pdf формат

Користен е .pptx фајл голем 60 MB. Резултатите што ги даде Maximus IV Extreme-Z на овој тест кој беше тестирање на комуникација со меморија и со периферни уред докажа дека Maximus IV Extreme-Z далеку подобар од просечниот резултат од оваа клаа на плочи.

  • 3D игри

S.T.A.L.K.E.R – Call of Pripyat

Colin McRae: DIRT 2

Кaј игрите е слична ситуација како и во повеќето бенчмарк тестови. Кога не е во убедлво водство ASUS Maximus IV Extreme-Z е во ранг на перформанси со останатите плочи. Сепак во прашање е прав гемерски примерок, во комбинација со повеќе графички во PCIe х16 магистрала нуди предуслов за постугнување врвни гејмерски резултати!

Оverclocking

Дојдовме до делот каде Maximus Z68 апсолутно гази се пред себе – Оverclocking! Втората генерација на Intel Core процесорите не прифаќаат висока вредност на BCLK, веќе на 107 MHz покажуваат непредвидливост, а се над тоа е нестабилно. На овој моментален систем за тестирање имам Core i5 2500K. Значи овој процесор во комбинација со ASUS Maximus IV Extreme-Z претставува идеален оверклок ПАР.

Во мојот систем имам Core i5 2500K процесор и Kingston 1800 CL8 DDR3 која на обични плочи не сакаше да надмине повеќе од 2000 MHz ТЕСТИРАНО! Во овој случај работеше на 2133 MHz со низок работен напон од 1.454 V. Процесорот е подесен на 105 MHz = BCLK и почнав да зголемувам множител. Исклучена е турбо функција за Windows-от да го подигаме на максимална процесорска фрекфенција. Автомацката регулација на напонот без грешка ми помагаше се до 4,3 GHz после што беше неопходно мануелно да ја контролирам.

Следниот скок на фрекфенција од 4,3 GHz бараше напон од 1,45 V (напон за системот да биде стабилен) вака стигнав до 4,8 GHz, по што следи напонски допинг од 1,5 V множител на 49, фрекфенцијата на модулите поради недостаток на екстремно брзи модули ја намалив на 1960 MHz и конечно добив стабилен 5,148GHz. Oва е одличен резултат кој го потврдив со повторување на бенчмарк тестовите од претходно. Со оваа фрекфенција добив околу 37 – 46,7 отсто побрз процесор.

Заклучок

Како и секој тест така и овој треба да се каже за крај некој недостаток на матичната плоча, но верувајте дека на оваа плоча сè уште не најдов ниту еден недостаток. Но за да не биде се така розево можеби претераната употреба на PCIe множителот… навистина друга забелешка сега за сега неможам да најдам.

Оваа плоча не е за секого. Врвен квалтет и арсенал од можности бара и висока цена. Од една страна, цената е оправдана со квалитетот и единствените технички решенија кои резултираат вонсериски перформанси. Многу би прашале дали е вредно двојно повисока цена од една исто така одлична плоча како што е P8Z68-V Pro? Сепак тоа е веќе прашање на личен избор, бидејќи сигурно нема да извлечете двојно подобри перформанси.

Уникатните детали, квалитет и сигурност кој влеваат шмек во Мaximus IV Extreme-Z моделот, се доволно да ја прогласам за најдобра Z68 базирана плоча, а титулата од тој ранг нема цена!

2 коментари на “Рецензија на ASUS Maximus IV Extreme Z

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии