Ретро дизајн на стероиди

Милош Ристоски

во feature, Дизајн

Ова е гостински текст од агенцијата за маркетинг и адвертајзинг squareONE, кој е дел од IT.mk серијалот тeкстови на тема маркетинг, дизајн и дигитални медиуми.


Кога зборуваме за ретро трендови со сигурност може да се каже дека тие дефинитивно се враќаат назад. Познатата изрека “сè старо е повторно ново” добро го опишува овој феномен. Сведоци сме на оживување на старите дизајнерски трендови и лесно го препознаваме стариот тон.

Со сигурност овој тренд станува повеќе од едноставна работа и расте во модерна поп-естетика. Денес, оваа група на визуелни елементи е исклучително флексибилна и го наоѓа сопствениот пат низ големиот број медиуми. Поради неговата огромна застапеност неизбежно е да го пропуштиме овој бран, почнувајќи од неговото присуство во карактеристични веб дизајни па се до постери и принтови за печатење.

Овој нов растечки тренд е инспириран од не толку далечен период во минатото. Не треба да заборавиме дека во 90-тите години полето на графичкиот дизајн имало експериментално крило. Главните теми најчесто биле позајмени од популарните дизајн шеми, предмети и форми од 70-тите, 80-тите и 90-тите. Но, без разлика на нашите преференци, носталгичниот ретро дизајн повторно се враќа назад.

Главна цел на овој тренд е носењето на елементи на носталгија кои градат врска помеѓу производот и корисникот. Целта на ова е да се погледне во меморијата на потрошувачот и да се разбудат чувствата од минатото. Повеќето од дизајните се забавни и смели, што ги прави да изгледаат светли и лесни, а во исто време и ултра модерни.

Постојат многу карактеристики кои покажуваат дека одреден дизајн е дел од модерниот ретро бран. На пример, денес забележуваме поедноставување и отстранување на детали кои како принципи потсетуваат на минатото. Тука е примерот со користењето на чиста апстрактна илустрација со луѓе, без нивните лица. Можеби сте забележале дека овој (flat) рамен дизајн без многу додатоци и силуети заедно со неговата иконографијата денес често се користи како инспирација од изгледот масовно употребуван во анимациите и графичкиот дизајн во 80-тите.

Децениите од 70-тите до 90-тите често се карактеризираат како аналогна ера, но всушност самите почетоци на компјутерите, програмирањето и видео игрите имаат големо влијание врз дизајнот во тоа време. Така, со сигурност забележуваме дека импутот што го имаат врз телевизиската графика и графичкиот дизајн е тешко да се пропушти.

Денес, модерниот ретро бран како стил предвестува носталгичен вкус во дизајнот, каде што дизајнерите создаваат графика и графички елементи кои не се совршени. Овие изгледи имаат претерано драматизирани пиксели и доминантна типографија. Сигурни сме дека може да биде екстремен предизвик да се создаде нешто што не е толку “совршено” според денешните стандарди, а во исто време да се зачува пораката дека дизајнот е завршен и употреблив. Затоа овој стил има тенденција да се поврзува со дизајнерите кои израснале во текот на годините кога овие трендови биле популарни.

Надвор од фактот дека голем број на маркетери и дизајнери уживаат во овој стил, постојат некои добри и лоши страни во однос на користењето на овие естетики.

На добрата страна можеме да сметаме дека овој стил е светол и забавен, а едноставноста на формите и облиците е добар магнет за внимание. Популарните техники на користење на рамен (flat) дизајн, во поглед на бојата и иконографијата, се всушност еволуција на изгледот кој се користел во минатото.

Од друга страна ретро дизајнот таргетира многу специфична публика, бидејќи не се смета за препознатлив од многу луѓе. Овој стил, исто така, има тенденција да биде самостоен и не се комбинира добро со многу други трендовски елементи и секогаш постои ризик дека може брзо да излезе од “мода”, па не би сакале да имате застарена веб-страна или производ.

На крај, можеме да кажеме дека допирот на овој тренд е насекаде! Од нашата лична опсесија со филмови на супер херои и нивните модерни преработки, па се до играње игри со застарен интерфејс и графика кои потсетуваат на изгледот на старите конзоли, овој тренд со сигурност ќе остане присутен и денес.

Според тоа, што мислите за оваа нова естетика, дали ќе биде дел од историјата на дизајнот или само обичен тренд на минување?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии