Решавајте уметнички сложувалки онлајн со вашите пријатели со Puzzle Party

Вчера, ве запознавме со проектот на Google кој ви дозволува да дешифрирате древни египетски симболи, а денеска би сакале да ве охрабриме да се забавите така што ќе решите онлајн сложувалка со вашите пријатели, нешто што особено би било ценето во време на социјално дистанцирање.

Посетете го Puzzle Party, изберете една од три можни тежини и започнете некоја од 500 понудени сложувалки со уметнички дела. За да ви се приклучат вашите пријатели, едноставно копирајте го линкот, и споделете го до заинтересираните лица.

Цело време имате слика од сложувалката на која работите, но, доколку отсекогаш сте сакале да мислите дека имате одлична меморија, таквата помош можете да ја отстраните. Покрај ова, можете да ја затемните позадината за да делчињата од сложувалката станат по истакнати.

По секоја успешно завршена загатка, можете да дознаете повеќе детали за уметничкото дело на кое сте работеле.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии