Research Kit и новиот MacBook неправедно се во сенка на Apple Watch

Можеби ѕвездата на вчерашната презентација на Apple е Apple Watch, но една нова функционалност и нов уред сериозно претендираат да му ја украдат славата на часовникот. Освен откривање на бројките дека се продадени 700 милиони телефони и дека корисниците навистина се задоволни од iPhone 6, Аpple е горд и на својата нова продавница во Кина, со која компанијата сега има 453 продавници ширум светот во кои само во последните три месеци купуваа 120 милини корисници. Но, бројките не беа толку интересни како претставувањето на новите медицински апликации и прекрасен нов лаптоп. Research Kit и новиот MacBook неправедно се во сенка на часовникот.

Health Kit доби надоградба

Apple ja најави надградбата на Health Kit: наречена Research Kit, која е платформа за креирање медицински апликации за iPhone. Партнери за Health Kit се повеќе универзитети кои ќе работат на апликации што дијагностицираат болести едноставно и брзо, што би овозможило навремено откривање на Паркинсоновата болест, дијабетес, кардио-васуларни заболувања, астма, рак на градите и други болести.

Директорот на Apple, Тим Кук, вели дека приватноста за Apple е од исклучително значење па медицинските податоци нема да бидат споделувани без дозвола. Податоци ќе бидат потполно анонимни, а дополнително корисниците можат да одберат и да не ги споделуваат. Можеби најважна вест, покрај тоа што Research Kit е достапен од следниот месец, е што платформата ќе биде со отворен код. На денот на излегување бесплатно ќе бидат достапни сите пет апликации креирани до сега и со него корисниците со помош на телефонот ќе можат сами да си дијагностицираат болести.

Најдобриот MacBook до сега

Новиот модел на MacBook е можеби и највозбудливиот хардвер кој компанијата го претстави на оваа презентација, иако Apple Watch беше ѕвезда на вечерта. Новиот MacBook е супер тенок и навистинa одлично го користи целиот простор кој е на располагање. Ова е и првиот Mаcbook целосно изработен од метал, со Intel M процесор на 1.1 GHz или 1.3GHz, со boost до 2.9GHz и потрошувачка од само 5 вати; 8GB RAM, Intel HD 5300 интегрирана графичка картичка и 512GB SSD. Интересно ова е првиот MacBook кој доаѓа исклучиво со USB-C порт.

„Ова е најдобрата Mac серија која досега сме ја имале…“, вели г. Кук. „Индустријата минатата година забележи пад, но MacBook забележа пораст на пордажбата“.

Лаптопот тежи околу 900 грама и е најлесен Mac досега. Широк е само 13,1 mm и со тоа е и најтенок Mac досега. Тастатурата е од крај до крај и според компанијата тастатурата ја одредува големината на компјутерот. Специјално за овој модел на MacBook nаправена е потполно нова тастатура, која овозможува попрецизни, потенки и постабилни копчиња. Дисплејот е Retina со резолуција 2304х1400 и покрај тоа што е најтенок дисплеј досега, новиот дисплеј е 30 отсто поштедлив од досегашните. Надградба е направена и на тракпадот, па сега овозможува нова команда „force click”, која како екстра команда може да биде отворање на линк, пронаоѓање на адреса или побрзо пребарување по видеото кога одбирате брзо премотување.

Новиот Mac е и првиот лаптоп од Apple кој доаѓа без вентилатор за ладење, што овозможува бешумна работа. Со оглед на тоа дека плочката е минимизирана, Apple го наполни слободиот простор со новите асиметрични батерии, изработени во сегменти, што овозможува полнење со батеријата во секој слободен агол. Ова овозможува зголемување на капацитетот на батеријата за 35 отсто. Корисниците ќе можат да поминат 9 часа на WiFi мрежа или да гледаат видео 10 часа пред полнење на батериите. Новиот MacBook, покрај тоа што е најефикасен кога станува збор за користење на просторот, е најефикасниот ноутбук и кога е енергијата во прашање.

Како и Apple Watch и лаптопот доаѓа на 10 април, иако не сме возбудени многу бидејќи освен прекрасниот дизајн, не веруваме дека цената од 1.300 долари е оправдана за тој хардвер.

Соработка со HBO

Компанијата најави дека новата услуга HBO Now ќе биде ексклузивно достапна на Apple TV со која ќе може да се гледаат Soprano, Entourage, Sex and the City, Veep, Game of Thrones. Цената на HBO Now е 15 долари месечно и корисниците ќе можат да ги следат програмите на HBO на било кој уред на Apple. Во недостиг на поинтересни вести за Apple TV, компанијата го презентираше новиот трејлер на Game of Thrones, кој ветува одлична нова сезона. Сепак добра вест е и намалување на цената на Apple TV од 100 на 70 долари. За жал, овие услуги не се достапни во Македонија.

Погледнете го целиот Spring Forward настан:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии