Represent Communications од Скопје ја лансираше платформата Mymasterlab.com

Минатата недела Represent Communications претстави нова платформа My Master Lab. Ова место покрај едукативен центар, треба да биде центар од кој ќе произлегуваат идеи, поврзувања и соработки за бизнисите во регионот.

Платформата е фокусирана на најновата и актуелна технологија за која можеби и нема доволно простор за бизнисот да се запознае и едуцира. Експертите на платформата ќе говорат на теми како: машинско учење, вештачка интелигенција, интернет на нештата, блокчејн, применето лидерство, раскажување, конструкција на презентации за продажба и слично.

Свесни сме дека многу одлични идеи не го наоѓаат патот до успехот затоа ги најдовме луѓето кои во процес на менторирање ќе можат да ја променат перспективата на  сите оние кои сакаат да направат чекор напред во професионалниот развој, да најдат инвеститори за својата бизнис идеја, да го формулираат претставувањето кое ќе им го продаде производот или услугата во светски рамки  – вели Наташа Божиновска Миркова, директорка на Represent Communications Македонија.

Првите предавања веќе се закажани за следниот месец. Работилниците ќе се одржат од 11 до 25 јуни. Дел од овој проект се неколку експерти кои ќе имаат свои работилници: проф. Курт Џеферсон, декан на Спалдинг Универзитетот во Кентаки,  експерт за европска и балканска политика; Колин Бирч од Универзитетот во Колорадо, тренер на претприемачи кој овозможува креирање на врски со инвеститори од САД кои би биле заинтересирани за иновативни идеи; Џеј Скот Кристиансон од Универзитетот во Мисури, експерт за машинско учење, вештачка интелигенција, интернет на нештата, блокчејн;  Мет Мури storyteller, писател и еду-претприемач; Трон Џордхајм – врвен sales coach, пренесе Фактор.

Колку ќе успее Mymasterslab да им конкурира на останатите слични платформи останува да видиме. Mymasterslab го таргетира целиот регион, и предавачите секако се квалитетни ова секако е предност, но конкуренцијата е голема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии