Rensenware ги заклучува вашите фајлови сѐ додека не освоите доволно поени во играта

Порано или подоцна, сте слушнале за Ransomware – малициозен софтвер кој го блокира пристапот до вашиот компјутер сѐ додека не платите одредена сума пари. Rensenware е ransomware, но не бара пари од вас, туку да станете исклучително добри во аниме играта Touhou Seirensen. Имено, сѐ додека не освоите 200 милиони поени во горе-споменатиот шутер, сите ваши податоци ќе бидат заклучени.

Rensenware е развиен од корејски студен кој го направил малверот како шега, но сѐ излегло од контрола кога и тој самиот го заклучил неговиот компјутер, без можност да го отклучи преку замислениот начин затоа што е многу тешко, па дури и невозможно да се освојат 200 милиони поени. Не нѝ верувате? Погледнете го видеото!

Да бидат работите уште полоши, малициозниот код бил поставен на GitHub и, како последица, се проширил на повеќе направи. Набргу по инцидентот, студентот развил софтвер со кој се поништува Rensenware, проследен со извинување:

„Би сакал да се извинам на секого кого го шокирав или вознемирив. Rensenware е дефинитивно фатален малвер, но јас го направив. Го направив како шега упатена кон луѓето кои го сакаат серијалот Touhou Project.“

Rensenware е само еден од бројните примери за кои, случајно или не случајно, ransomware може да еволуира и заземе малку поразлични форми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии