Remnant: From the Ashes добива нов режим и зандана овој месец

Remnant: From the Ashes е феноменален шутер на кој веднаш се прилепи етикетата: Dark Souls со огнени оружја. За нашите мисли за играта, дефинитивно кликнете тука. Како една забелешка за Remnant, беше тоа што кампањата се темели на околина, непријатели и босови кои се процедурално генерирани. Може да се случи да поминете низ целата кампања и никако да не се соочите со некој бос или да добиете одредена опрема. Секој пат кога ќе почнете нова кампања со истиот лик, шансите пак се засновани на случаен избор. Решение од студиото доаѓа во форма на таканаречениот Adventure Mode. Преку овој режим, кој стапува на сила на 12 септември, ќе можете да поминете преку претходно-одредени биоми.

„Авантуристичкиот режим се одликува со нов слој на истражување во Remnant: From the Ashes, така што им дозволува на играчите одново да ги отпочнат следниве биоми: Ruined Earth, Rhom, и Yaesha, без мораат да поминуваат низ целата кампања.“ ветуваат од Gunfire Games.

Тоа значи дека лесно ќе можете со вашите пријатели да активирате зандана која е скроена според вашата потреба и да пробате максимално да го искусите светот на Remnant. Оружјата, оклопите, модовите и сè што ќе најдете во ваквата авантура останува со вас.

Недела дена по овој режим, односно на 19 септември, ќе добиете и нова зандана. Leto’s Lab се одликува со благо предизвикувачки загатки, испреплетени со напнати борби, како и целосно нов бос. Leto’s Lab ќе се крие во Ruined Earth. Со новиот авантуристички режим, пристапот до занданата може да биде безболен, што не би можеле да го гарантираме за она што ќе ве чека таму. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии