Ремаркетинг, реклама која ве следи на секој чекор

Доколку мислевте дека Facebook ads се врвот на нарушување на вашата приватност зa адвертајзинг цели, подгответе се за уште еден шок. Ремаркетинг е нов тренд во маркетингот кој не само што ги знае и комбинира вашите интереси и потреби и ви прикажува реклами на еден сајт, туку и ве следи на преку 300 сајтови со реклама од сајт кој некогаш сте го посетиле.

Според Google, едни од главните виновници за развојот на овој тип на промовирање, ремаркетингот ви овозможува да „прикажувате реклами на корисници кои претходно го посетиле вашиот сајт, додека тие сурфаат на интернет“. Основната идеја на овој принцип на рекламирање е да се допре до публика која веќе е запознаена со одредена компанија или производ. Посетата на еден корисник на вашиот сајт е тригер за лавина на реклами, кои ќе го следат корисникот на секој чекор, убедувајќи го да се одлучи токму за вашата понуда.

Ремаркетингот се базира на Google AdWords, принципот на креирање е сличен, со тоа што освен креирање на содржината на рекламата потребно е и да се внесат одредени тагови на локациите на сајтот кои сакате да ги промовирате. На пример, компанија која би сакала да промовира мобилни телефони, би го внела тагот „мобилни телефони“ на целните локации на сајтот. Потоа, откако тие локации би биле посетени, рекламата за мобилни телефони би го следела корисникот на повеќе од 300 сајтови со најразлични содржини. Според Google ова следење може да се искористи за претставување на подобри понуди, за потсетување на тековната понуда или за едноставно зајакнување на брендот. Рекламите се наплаќаат како и стандардните плати-по-клик реклами, што значи дека нема преголеми трошоци или однапред утврдени цени, воедно, се нуди детално и прецизно таргетирање на целната публика.

Ремаркетинг рекламите на Google беа за прв пат промовирани во март 2010-та, но се чини дека е потребно уште време за да го достигнат нивото на Google ads или Facebook ads. Во нашето соседство веќе започнаа да се формираат компании кои се занимаваат исклучиво со ремаркетинг, останува да видиме дали овој тренд наскоро ќе пристигне и кај нас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии