Рекордни нарачки на Diablo 3 во светот; во Македонија се продаде во стотина примероци

Наjочекуваната игра во последниве дванаесет години Diablo 3, конечно официјално излезе! Додека ги очекуваме првите официјални бројки за бројот на продадени копии од Blizzard, неколку продавници од кој најрeнoмирана е Amazon веќе објавија дека играта го соборила бројот на нарачки во претпродажба, а Blizzard веќе објавија дека годинава имаат 1,2 милиони играчи на World of Warcraft кои се претплатиле на годишна претплата и со тоа се квалификуваат за „бесплатен“ примерок на играта.

Во Македонија играта можевте да ја нарачате од Niko Computers и Југотон. И двете продавници работеа доцна во ноќта, а Niko имаа и манифестација за излегувањето на оваа легендарна игра. Присутните во салонот на Niko добија светска претстава со голем број награди, можност да се запознаат едни со други и можеби најбитно можност да го остават својот battlenet „клуч“ за додавање на пријател.

Бројките од продажбата се многу пониски од моите очекувања – 200 примероци во Niko и околу 150 примероци во Југотон. Сепак мора да се земе во предвид дека најизгорените фанови ја нарачаа дигиталната копија на играта и дека со нетрпение очекувале да бидат отворени серверите пред своите компјутери. Не треба да се занемари и фактот е дека продажбата на физички копии последниве години е значително опадната и некои пионери како австралискиот GAME се банкротирани.

Од останатите вести, корејскиот клан EHG, веќе го убу последниот „boss“ во играта, но поради проблеми со серверите не успеале да ги соберат предметите кој ги добиле со неговото убивање. Има и проблеми со преотоварувањето на серверите и багот кој ве дисконектира од серверите ако го опремите вашиот придружник со штит.

[youtube]vyStbChILkI[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии