Рекордна продажба на Amazon, купувањето производи преку Alexa оваа недела рипна три пати

Amazon објави дека заработката од празниците оваа сезона е рекордна. Ова се однесува и на купување од продавницата, но и на хардверот кој го произведува компанијата.

„Ова ни е најдобра сезона досега, со нетрпение очекуваме во 2019 година да им го испорачаме на корисниците тоа што го бараат, на начин кој ќе им биде најпогоден. Воодушевени сме што само во САД овие празници со Amazon Prime бесплатно испорачавме над 1 милијарда производи“, велат од Amazon.

Само за празниците бројот на претплатници преку претплата и тест период на Prime услугата е зголемен за десетици милиони. Дополнително, Amazon продал милиони Fire TV телевизори, Fire и Kindle таблет компјутери, Echo домашни центри и куп други уреди.

Amazon не излегува со бројки, но објавува кога ќе постави нов рекорд. Компанијата неодамна додаде неколку нови држави кои се поддржани со Amazon Prime. Сервисот едно време овозможуваше бесплатна достава, но Amazon постојано додава новитети, бесплатни книги, телевизија и што уште не.

Сепак сите вести не се добри за Amazon. Индија ги заостри правилата за е-трговија, а ова значително ќе го погоди Amazon. Компанијата не смее повеќе да продава ексклузивни производи или да продаваат производи преку платформи во кои се инвеститори. Дополнително онлајн продавниците во Индија нема да можат да продаваат производи кои ги произведуваат. Ова се лоша вести за сите поголеми продавачи во Индија, најмногу за Amazon, но и за Walmart кој влезе на пазарот преку Flipkart.

Двете компании имаат ексклузивни договори со производители на паметни телефони. Така Xiaomi е достапен на Amazon, а Oppo на Flipkart.

Процената е дека до 2022 индискиот онлајн пазар ќе се зголеми речиси трипати, од 35 милијарди годишно колку што чини сега на над 100 милијарди. Промените во законот се на барање на продавниците и продавачите од Индија кои во октомври го обвинија Amazon за злоупотреба. Федерацијата на индиски трговци смета дека ако одредбата се испочитува во целост, нема да има ниту злоупотреби, пренесе Reuters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии